Тешка потрага по преживеани во затрупаниот хотел во Италија | Свет | DW | 19.01.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Тешка потрага по преживеани во затрупаниот хотел во Италија

Снежна лавина затрупа хотел во планинскиот регион во централна Италија, кој претходно беше погоден од серија земјотреси. Најмалку 30 луѓе се водат како исчезнати.

Италијанската агенција за цивилна заштита соопшти дека испраќа спасувачки возила до хотелот Ригопјано кои се обидуваат да се пробијат низ од снег завеаните патишта, за да им се придружат на екипите на планинските спасувачи и на финансиската полиција кои во текот на ноќта во екстремно тешки временски услови користејќи скии успеаја да се пробија до хотелот.

Новинските агенции цитираат спасувачи, кои известуваат за загинати, но видео снимките направени од финансиската полиција покажуваат и дека најмалку еден човек е извлечен жив од затрупаниот хотел.

Снимките покажуваат и оти снежната лавина целосно го има затрупано трикатниот хотел во централниот италијански регион Абруцо. Хотелот е одалечен околу 45 километри од крајбрежниот град Пескара. Серија земјотреси, меѓу кои и еден со интензитет од 5,7 степени според Рихтеровата скала, го погодија централниот дел на Италија, и се верува дека снажната лавина можела да биде предизвикана од потресите.

Гледај видео 02:04

Извлечен преживеан од хотелот затрупан од лавина

 

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама