Фотографија на денот: Истрага за пожарот во Тетово | Северна Македонија | DW | 09.09.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Фотографија на денот: Истрага за пожарот во Тетово

Петмина обвинители од Тетово и Скопје се вклучени во увидот во модуларната болница во Тетово, која изгоре во пожар вчеравечер.

Тројца обвинители од Основното јавно обвинителство во Тетово и двајца обвинители од Скопското јавно обвинителство се вклучени во увидот на модуларната болница во Тетово каде избувна пожар. Оваа фотографија, на која се прикажани луѓе од истрагата кои вршат увид на лице место, е направена рано изутринава.

Од истрагата се чекаат официјални информации за бројот на жртвите и за причините за пожарот. Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, рече дека нема да се даваат изјави сѐ додека истрагата не ја заврши работата.

„Договорено е и одлучено е да не се даваат изјави сѐ додека не се добијат официјални податоци во однос на прашањето колку пациенти имало во моментот и во однос на тоа која е причината за целата работа. Од што е настанат пожарот можат да утврдат само институциите, обвинителите и форензичарите“, изјави Арифи.

Според соопштение на Владата, која денеска ќе одржи вонредна седница посветена на трагедијата во Тетово, во пожарот има најмалку десет жртви. 

Во модуларната болница, инаку, беа обезбедени места за 35 пациенти. Во моментот на трагедијата во средата, во неа биле сместени вкупно 24 пациенти.

Поврзана содржина