Тесна победа на Ердоган | Свет | DW | 17.04.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Тесна победа на Ердоган

Турција рече „евет“ за уставни промени. Исходот од вчерашниот референдум е многу тесен. Опозицијата се жали на неправилности и најави борба против резултатите од гласањето.

Според неконечните резултати од вчера одржаниот референдум во Турција за уставни промени, 51,3% од избирачите гласале со „да“, а 48,7% со „не“. Во трите најголеми градови во земјата - Истанбул, Анкара и Измир - победи таборот „не“. Турската опозиција, која стравува од апсолутистичко владеење на Реџеп Таип Ердоган, се жали на неправилности и најави борба против резултатите од гласањето.

Со оглед на неизвесноста околу исходот од референдумот, турскиот претседател Ердоган пред своите приврзаници се појави дури неколку часа по затворањето на избирачките места. Тој зборуваше за „историска одлука“ за промена на Уставот и потенцираше дека негова „прва задача“ ќе биде повторно воведување на смртната казна. „Имаме многу работа, имаме уште многу да завршиме во оваа земја“, рече Ердоган додека толпата скандираше „смртна казна, смртна казна“. Доколку не добие соодветна поддршка од страна на парламентот, турскиот претседател најави можност за одржување на референдум по ова прашање.

Набљудувачите од ОБСЕ и од Парламентарното Собрание на Советот на Европа попладнево ќе излезат со оценка за текот на гласањето.

Гледај видео 01:36

Тесна победа на Ердоган

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама