Терористичкиот бран го парализира Брисел | Свет | DW | 22.03.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Терористичкиот бран го парализира Брисел

Белгијците се во шок. Нивниот главен град беше сцена на серија смртоносни бомбашки напади. Во Брисел владее вонредна состојба и јавниот живот е парализиран.

Серијата бомбашки напади на аеродромот и во метро станицата го погоди во срцето главниот град на Белгија и седиште на ЕУ и на НАТО. Белгиските власти попладнево соопштија дека во денешните координирани терористички напади на аеродромот „Завентем“ и во метро станицата Малбек во Брисел, загинале 34 лица, над 150 се ранети. Дел од над 150-те ранети во нападите се во критична состојба.

Белгијците се во шок. Националниот совет за безбедност го крена нивото на тревога од терористички напади за целата земја. Премиерот Мишел ги повика Белгијанците да останат во своите домови. „Мораме да останеме мирни и да се однесуваме солидарно“, порача Мишел. Согласно заострените безбедносни мерки , градот е целосно блокиран а јавниот живот парализиран.

Погледнете го видеото на оваа тема:

Гледај видео 02:54

Вонредна состојба во Брисел

Зградите на јавните институции во Белгија се евакуирани, воздушниот сообраќај на аеродромот „Завентем“ инаку еден од најфрекфентните во Европа е запрен , како впрочем и целокупниот железнички сообраќај во регионот.

Реклама