Терористичкиот бран во Турција не запира | Свет | DW | 26.08.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Терористичкиот бран во Турција не запира

По тешкиот напад врз една свадбена прослава во Газиантеп, сега цел на терористички атентат во југоисточна Турција повторно беа припадниците на полицијата.

Најмалку 11 лица загинаа, повеќе од 70 се ранети во експлозија на камион-бомба чија цел била полициска станица во местото Џизре, на југоистокот на Турција, јави турската телевизија НТВ . Претходно, новинските агенции повикувајќи се на болнички извори говореа за осум загинати. Сите осум жртви се полицајци. Трикатната зграда на полициската станица, според информациите на новинските агенции, наликува на урнатина.

Турската државна новинаска агенција Анадолија известува дека за нападот се одговорни припадниците на Работничката партија на Курдистан (ПКК). ПКК во Турција, САД и ЕУ се наоѓа на листата на терористички организации.

Телевизиската станица НТВ извести оти на местото на експлозијата пристигнале автомобили за итна помош , од кој излегува огромен облак од чад. Владата во Анкара ја обвини ПКК за серија напади изведени месецов на југоистокот на земјата. Оваа група презеде одговорност за најмалку еден напад, и тоа врз полициска станица.

Конфликтот помеѓу ПКК и безбедносните сили беше обновен во минатата година, по пропаѓањето на мировниот процес.

Џизре се наоѓа во провинцијата Сирнак, која се граничи со Сирија и Ирак. Во оваа област живеат мнозинство Курди, потсети британската агенција. Новиот напад во Џизре се надоврзува на терористичкиот бран кој во моментов ја потресува Турција. Пред една недела атентатор самоубиец го активираше експлозивот во автомобил-бомба пред полициска станица во градот Елазиг. Тој со себе во смрт однесе уште тројца полицајци, а десетици лица беа повредени.

Во најтешкиот напад во овој период во Газиантеп, во југоисточна Турција, загинаа 50 гости на една курдска свадба. За овој напад, за разлика од другите во овој регион населен претежно со Курди, турската влада за одговорна ја смета терористичката милиција Исламска држава.

Три дена по нападот во Газиантеп турската армија ја премина границата кон северна Сирија и заедно со борците на Слободната сириска армија ја презеде контролата врз пограничниот сириски град Џараблуш, кој една година се наоѓаше под контрола на Исламска држава. Покрај тоа турската копнена и воздушна офанзива во Сирија е насочена и против сириско-курдските борци, кои Анкара ги обвинува дека се поврзани со забранетата ПКК.

DW.COM

Реклама