Анета Павловска, тениска судијка со светска кариера: „Со судењето сите граници ми се отворени“ | Северна Македонија | DW | 21.08.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Анета Павловска, тениска судијка со светска кариера: „Со судењето сите граници ми се отворени“

На средната сервисна линија на тениското финале помеѓу Зверев и Качанов на Олимпијадата во Токио судеше Анета Павловска. Младата битолчанка во својата биографија има и судење на Параолимпијада и на Грен слем турнири.

ДВ: Покрај осумчлената делегација, на овие Олимписки игри имавме и тројца претставници на теренот, како судии. Што значи тоа?

Анета Павловска: Точно е дека јас, како тениски судија, и Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, судии по ракомет, бевме единствените претставници од нашата земја на Олимпијадата, но не како натпреварувачи. За Македонија тоа значи еден поттик за младите генерации и еден пример дека без разлика од каде доаѓате, сѐ е достижно.

Какво искуство за Вас беше оваа прва Олимпијада?

Исто како и за спортистите, така и за мене ова беше остварување на еден сон. Точно е дека сите грабаме кон Грен слем натпревар, Грен слем финале, но Олимпијадата е настан што се случува еднаш на четири години и нормално е дека секој судија, секој спортист сака да биде таму. Во 2016 година бев дел од тимот којшто учествуваше на Параолимписките игри, па некако Олимпијадата дојде како поголемо признание. И двата настани се едно животно искуство за мене. Параолимписките игри беа некое животно осветлување, а Олимписките игри награда за сѐ тоа што сум сработила досега.

Aneta Pavlovska, internationale Tennis-Schiedsrichterin aus Nord-Mazedonien

Со 90 турнири годишно, Анета Павловска само два до три месеци во годината поминува дома

Вашиот животен пат започнува од играч, потоа станувате тренер, а денес - судија. Кога и како проценувавте кога треба да се премине од една во друга позиција?

Отсекогаш сум сакала ракомет, меѓутоа, по игра на случајности, заглавив со тенисот. Навистина беше голем предизвик од играч да се стане тренер, бидејќи татко ми беше тренер и некако имав поголема одговорност, бидејќи сакаш да тргнеш по неговите стапки, меѓутоа не треба да изгубиш дел од себеси. Кога јас тоа си го докажав себеси, судењето го видов како слобода, како отворање на светот. Во 2016 година во Франција ја добив првата бела интернационална значка, што ми ги отвори вратите кон светот на судењето. За мене судењето е пасош со кој сите граници ти се отворени во светот. Имам поминато преку 60 држави и особено сум горда на неколку настани. Еден од нив се Параолимписките игри во Рио во 2016 година. Моето прво појавување на Ролан Гарос во 2017 година, кога првпат ја почувствував таа голема сцена и притисокот од публиката и сѐ што носи со себе еден таков настан. Меѓутоа, можам да кажам дека сум најгорда кога во 2019 година бев избрана да го судам женското финале на Ролан Гарос и кога моите родители беа дел од тој настан во публиката, не само да го гледаат натпреварот, туку да ме гледаат и мене.

Гледај видео 08:57

„Со судењето сите граници ми се слободни“

Дали како судија го чувствувате притисокот на публиката, на пример она што е својствено за колективните спортови?

Има притисок, меѓутоа во првите десетина минути додека влеземе на терен и започне мечот. Имав еден мој ментор судија, вака ми кажа: „Анета првите пет минути од мечот и последните се најбитни. Зошто? Тоа е исто како да полетуваш авион, дури да полета авионот. Потоа во текот на мечот, во текот на летањето, може да имаш некои турбуленции, ин, аут, некоја различна одлука. Можеби ќе се препираме со играчите. И на крај треба да го завршиме мечот, да го слетаме авионот. Затоа првите пет минути концентрација, бидејќи најголемите грешки во судењето тогаш се случуваат, или последните пет минути пред да излеземе и да го завршиме мечот.“

Им имате „пресудено“ на Ѓоковиќ, Федерер, Надал, олимпиското финале. Кому сте му наклонети? Дали има простор за такво нешто?

Можеби тоа беше така пред да почнам со судењето, и нормално, како играч или како тренер, гледаме некој идол во некоја тениска ѕвезда. Меѓутоа, со судените мечеви, со тој еден процес на учење, на тренирање, можеш, кога ќе излезеш на некој голем натпревар, едноставно веќе да не гледаш дали е Федерер, Ѓоковиќ или Серена Вилјамс на теренот, туку ја гледаш својата работа и гледаш да дадеш максимум. Меѓутоа и тие знаат до каде е границата, има код на однесување и за играчите и за судиите, не смееме многу ниту да разговараме со нив ниту да имаме каков било контакт.

Aneta Pavlovska, internationale Tennis-Schiedsrichterin aus Nord-Mazedonien

Кога ќе излезеш на некој голем натпревар, едноставно веќе да не гледаш дали е Федерер, Ѓоковиќ или Серена Вилјамс на теренот, вели Павловска

Ако тениските турнири завршуваат со огромни наградни фондови на конто на тенисерите, како се платени тениските судии?

Платата или заработувачката е релативна работа. Тоа што за мене се многу пари, можеби за Вас не се. Бенефитот од оваа работа не е во финансискиот дел, барем јас така гледам на мојата професија. Но, сепак сумите не се ни блиску до сумите кои ги заработуваат спортистите.

Aneta Pavlovska, internationale Tennis-Schiedsrichterin aus Nord-Mazedonien

Павловска: Мојот личен сон е да стигнам до САД Опен и Австралија Опен

Ако сон на тенисер е да се учествува и освои Вимблдон, Ролан Гарос, што може да претставува сон на еден тениски судија?

Мојот личен сон е да стигнам до САД Опен и Австралија Опен. Меѓутоа, САД Опен е турнир којшто кога почнував беше првиот турнир на којшто сум присуствувала како гледач. Сум била присутна на еден натпревар помеѓу Ѓоковиќ и Федерер во 2010 година, кога Ѓоковиќ првпат го победи Федерер и оттогаш неговата кариера тргна во нагорна линија.

Тогаш добив желба да бидам еден ден таму на теренот. И еве, судев и во Париз и Лондон и Олимпијада. Сега, со новиот систем на лајф хокај, каде компјутерската технологија го заменува човечкиот фактор на терен, е малку потешко. Меѓутоа, зошто да не бидам главен судија на натпревар на САД Опен?

Aneta Pavlovska, internationale Tennis-Schiedsrichterin aus Nord-Mazedonien

Павловска: Отсекогаш сум сакала ракомет, меѓутоа, по игра на случајности, заглавив со тенисот

И сега веќе имаме Македонец којшто стигна до Вимблдон: Калин Ивановски. Дали може нему да му судите?

Јас како Македонка не би можела да му судам на Калин Ивановски на некој Грен слем натпревар како главен судија. Меѓутоа, бев позитивно изненадена кога колега мој дотрча на Вимблдон да ми каже дека на терен 17 игра македонски играч. Мислам дека во моментот сите Македонци кои бевме таму, јас, Зоран Поповски, имаме и судии Блаже и Димитар Трифуновски, кои се Македонци, меѓутоа живеат во Нов Зеланд, сите дотрчавме и сите се најдовме на теренот: „Игра Калин, игра Калин“. Нормално е дека е задоволство и среќни сме, некој таков играч… И не само еден, да бидеме повеќе и побројни на такви големи натпревари.