Тензично по изборите во Еквадор | Свет | DW | 03.04.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Тензично по изборите во Еквадор

Левичарот Ленин Морено освои тесна победа на претседателските избори во Еквадор. Неговиот противник Гиљермо Ласо обвинува за изборна измама и повика на мирни демонстрации.

Ecuador Präsidentschaftswahlen Jubel Lenin Moreno (Getty Images/AFP/J. Ruiz)

Морено се прогласи за победник

Левичарот Ленин Морено, по пребројани 96 проценти од гласачките ливчиња, освоил 51,12 проценти гласови, додека неговиот противкандидат, конзервативниот политичар Гиљермо Ласо, има освоено 48,88 проценти од гласовите.

Морено се прогласи за победник уште вечерта, по затворањето на избирачките места. Екс-банкарот Ласо обвинува за изборна измама и бара ново пребројување на гласовите.

Првите прогнози по затворањето на избирачките места беа контроверзни. Еден институт за истражување на јавното мислење соопшти дека Ласо е во водство со 53% од гласовите, додека Морено има 52%. Независната организација Партисипасион Суидадана пак, врз основа на сопствените проценки, оцени дека резултатот е нерешен.

Официјален победник сѐ уште не е соопштен.

„Ние победивме на изборите. Јас ќе бидам претседател на сите Еквадорци“, изјави социјалистот Морено уште пред првите официјални резултати, по што беше славен од своите приврзаници собрани пред партиската централа во Кито. На својот противник Ласо тој му понуди разговори. „Ова е момент на мир, момент на единство“, рече Морено.

Ecuador Quito Wahlbehörde Polizei Lasso ANhänger (REUTERS)

Приврзаниците на Ласо се одзваа на неговиот повик за протести

Ласо, пак, ги повика приврзаниците на мирни протести на улиците. Претседателот на заминување Рафаел Кореа оцени дека Ласо се обидува со протести да го постигне она што не му успеало со гласови од избирачите.

Според очекувањата, Морено би требало да продолжи со социјалните реформи на својот претходник Кореа. Пред приврзаниците во Кито тој нагласи дека нема да се смири сѐ додека секој граѓанин не добие стан и додека не биде сосема победен аналфабетизмот во земјата.

Основачот на Викиликс Џулијан Асанж не би морал да стравува за својот азил во амбасадата на Еквадор во Лондон доколку владата биде под раководната палка на Морено. Ласо најави можност за одземање на азилот на Асанж.

Гледај видео 01:08

Неизвесниот исход „извади“ демонстранти на улиците

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама