Температури преку 40 степени | Панорама | DW | 07.08.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Температури преку 40 степени

Македонските граѓани во наредните денови ги очекува топлотен бран, во кој се најавени температури преку 40 степени Целзиусови.

Согласно најавите на метеоролозите, Дирекцијата за заштита и спасување ги информираше граѓаните дека во наредните денови ќе има пораст на температурите на воздухот под влијание на топла воздушна маса. Од утре па до средината на наредната недела би требало да биде особено топло, при што ќе биде активирана жолтата фаза за високи температури, а во некои региони и портокаловата фаза. Се очекува температурите на воздухот да се искачат над 41 степен.

Ваквите бранови на тропски горештини не се невообичаени за македонски услови, но ќе стануваат стануваат сѐ почести, а и ќе погодуваат и региони во кои во изминатите децении па и векови биле вистинска реткост, предвидуваат долгорочните метеоролошки прогнози. Така на пример Германија пред десетина дена беше зафатена од топлотен бран во кој беа измерени рекордно високи температури. Според голем број истражувачи сето ова во прв ред е последица на климатските промени и глобалното затоплување. Тие предизвикуваат и промени кај некои нешта за кои никогаш не би поверувале. Повеќе за тоа во следнава галерија: 

DW.COM

Реклама