Телефонска линија до момчињата во пештерата во Тајланд | Панорама | DW | 03.07.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Телефонска линија до момчињата во пештерата во Тајланд

Живи, но заробени во длабочините на една пештера во Тајланд: 12-те деца и нивниот фудбалски тренер, по кои се трагаше десетина дена, чекаат спас. Демантирани се извештаите дека до спасувачката акција ќе поминат месеци.

Момчињата-членови на фудбалски клуб се пронајдени живи од страна на нуркачки тим, но мора да чекаат за да бидат спасени од поплавената внатрешност на пештерата. Гувернерот на провинцијата Чианг Раи, Наронгсак Осотанакорн изјави дека нивото на водата во пештерата е сѐ уште премногу високо, а децата се премногу заслабнати за да пливаат или да нуркаат. Тој категорично ги отфрли медиумските извештаи според кои спасувачката акција може да трае со месеци. Британски нуркачи ги открија момчињата на возраст од 11 до 16 години и нивниот тренер доцна синоќа во внатрешноста на пештера на три километри оддалеченост од нејзиниот главен влез. Најголем дел од децата имаат полесни здравствени проблеми, доставени им се лекови и енергетски пијалоци, а еден лекар останал со групата.

Во меѓувреме спасувачите инсталирале телефонска линија во пештерата, изјави гувернерот. Родителите, кои со денови упорно чекаа пред пештерата, веројатно уште од денеска ќе можат да контактираат телефонски со децата. Тоа би бил прв контакт откако групата по својот тренинг на 23. јуни влегла во пештерата Там Луанг-Кун Нам Нанг Нон, очигледно изненадена од нанедејна поплава, притоа сз подлабоко навлегувајќи во внатрешноста на долгата пештера.

Снимките на спасувачите ги прикажуваат децата во светлината на рачните светилки, исцрпени, но среќни. Планирано е децата да добијат нуркачки тренинг за во придружба на спасувачки нуркачи да излезат од поплавениот дел на пештерата. Истовремено се интензивираат напорите за испумпување на водата од пештерата, а се бара и евентуален друг влез во неа.

Гледај видео 00:49

Тајланд: Момчињата чекаат спас во поплавената пештера

 

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама