Театар за ромски деца | Панорама | DW | 01.05.2014
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Театар за ромски деца

Џони Зихелшмит во Хамбург организира културни манифестации за деца Роми. Овој социјален работник, кој исто така е Ром, знае со какви потешкотии се соочуваат мигрантите.

„Малку те скокотка сега на носот, нели?“ прашува Џони Шихелшмит. Но, тој знае како се прави тоа. „Остави, опушти го челото. Многу добро“

И тоа не само при шминкање.

„Да, изгледа топ“, вели едно девојче. „Не се вели топ“, ја опоменува Џони, се вели: „Изгледа убаво, или изгледа изворедно...“

„Раскажувањето, кај нас Ромите порано беше многу важна уметност. Тоа денес преку медиумите полека исчезна. Но, има шанси, како на пример со нашата мала театарска претстава со музика и песна - мислам дека тоа е и мала традиција“, подвлекува Зихелшмит.

Кога пред една година во Хамбург започна со театарскиот проект, овој социјален работник имаше многу работа. Децата Роми речиси да немаа однос кон своите културни корени.

„Децата секогаш кај нас велат: Вие сте цигани. Циганите крадат. Тоа многу не боли“, вели ученичка. Нејзините другарки дополнуваа:

„Тие велат дека сме без татковина“.

„Ако ти си циганка, не сакам да имам контакт со тебе. Тоа многу не болеше. Затоа сме сега многу радосни оти Џони е тука. Тој ни дава сила за да кажеме ние сме горди цигани или горди Роми“.

„Добро е кога тие имаат примери. Се надевам дека сум добар пример за децата, и дека со тоа ги јакнам. Исто и кога прават грешки, јас сум тука за нив. Кога имаат успеси, ги пофалувам. Потоа се обидувам едноставно да објаснам, дека не се нешто друго туку дека се сосема нормални деца, како и сите други“.

Џони Зихелшмит во Германија дојде од Косово. Во неговото детство Ромите тему беа интегрирани. Татко му беше политичар. Негови роднини работеле како лекари и адвокати. Но, војната на Косово смени сѐ. Бидејќи не сакаше да биде дискриминиран како Ром, пребега во Германија. Во Хамбург тој сега организира кино-вечери за Роми и работи како ДиЏеј. Неговите корени му се важни, и исто така да биде во Германија. Тоа го научи во семејството на неговата прва сопруга.

„Јас бев дојден во семејство, кое покажа многу големо разбирање за мене, дека имам поинаква култура, дека имам друга традиција. Со отвореноста, и прифаќањето во семејството тие ми помогнаа да ги прифатам вредностите на германското семејство“.

Сега од културен аспект може да возврати. Негов најголем успех: дури и родителите ги гледаат изведбите. Притоа многу возрасни Роми сѐ уште не виделе како изгледа едно училиште од внатре. Но социјалниот работник во меѓуврме го познаваат. Тој им помага кога треба да завршат некоја работа во институциите и кога водат разговори со наставниците. Зихелшмит воедно добро се разбира со децата.

„Ако нешто погрешиме, тогаш не ни вика, туку разумно разговара со нас“, вели еден ученик.

„Џони едноствно е најдобар. Тој има нешо посебно, му помага секому, не само на пример на циганите“, дополнува една ученичка.

Џони Зихелшмит пак дополнува: „За мене нема националност. За мене сите деца се добри. За мене има само два вида на луѓе: добри и лоши. Сѐ друго ми е сеедно“.

Од бината во општеството - проект за интеграција, кој дава храброст за иднината.

Реклама