Театарот на Нетанјаху | Свет | DW | 26.04.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Театарот на Нетанјаху

Откажаната средба со германскиот министер за надворешни работи за израелскиот премиер е пропуштена шанса, но ја отсликува и опасноста Израел да ја загуби аурата на единствена демократија во регионот, смета Дагмар Енгел.

Тоа така се прави: се дозволува нешто да не се случи и на таков начин се уништува сѐ што всушност би било важно. Израелскиот премиер и министер за надворешни работи Бенјамин Нетанјаху со својата претстава на откажување на средбата со шефот на германската дипломатија, Зигмар Габриел, спречи разговор околу вистински содржини.

Веројатно не сакаше да разговара околу она што на Габриел му лежеше на срце кога стигна во Израел: за решението во форма на егзистирање на две држави, за изралеската политика на населување или за новите тамошни закони за невладини организации, кои потсетуваат на Русија или Турција. Нетанјаху веројатно порадо би разговарал за израелскиот смртен непријател Иран. Но, и судирите во сопствениот регион на драга волја би ги турнал во сенката на војната во Сирија и светската борба против тероризмот. 

Промашена тема

Токму тука лежи и опасноста: ако ништо не се промени во исконскиот судир на Блискиот Исток, расте опасноста од радикализација на цели поколенија млади Палестинци, во Појасот Газа исто како и на Западниот Брег. А таа радикализација нема да го носи името на организацијата Хамас, туку на Исламска држава.

Kommentarbild Kommentatorenfoto Dagmar Engel

Дагмар Енгел

Спречувањето на тоа е несомнено во интерес на Израел и на различни франкции на Палестинците. Ако се утврди заеднички интерес, тогаш е направен и прв чекор кон вистински преговори. На тоа поле Германија, Европа, можат да бидат еден од учесниците. Израел, додуша, никогаш нема својата сигурност да ја довери на било која друга земја освен САД, но сите учесници можат да замислат европска помош во економската обнова на палестинските подрачја.

Предлог-тема за следниот пат

Ваквата соработка нема да пропадне со откажаната средба, исто како што нема да пропаднат ниту германско-израелските односи. Со тоа нема да биде разнишана посебната поврзаност, должност и одговорност на Германија кон Израел.

Двајцата министри за надворешни работи не разговараа на овој 25. април. Една од причините е што германската влада ги откажа заедничките (редовни) германско-израелски консултации. Нетанјаховото одбивање на средбата може да се смета и за јасен одговор. Тоа е погрешно, зашто шефовите на дипломатиите мораат да разговараат и во најтешки околности.

Најнепријатно во сето е што Нетанјаху во самиот Израел добива аплауз при обидот да спречи разговори со незгодните невладини организации. Тоа засилено наликува на Русија или на Турција, а не на единствената демократија во регионот, што Израел сѐуште е. За тоа треба да разговараат министрите за надворешни работи. И тоа тогаш кога повторно ќе се сретнат, а не ако се состанат следен пат.

 

DW.COM

Реклама