Твитер-заедницата: Кога облакот нема да закаже #поплава | Македонија | DW | 08.08.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Твитер-заедницата: Кога облакот нема да закаже #поплава

Жестоки реакции на социјалните медиуми на однесувањето на владејачките политичари. „За разлика од поплавените граѓани, Груевски може да ги добие службите“.

По страшното невреме кое однесе 21 жртва, премиерот на државата Емил Димитриев и лидерот на владејачката ВМРО- ДПМНЕ, Никола Груевски, го прекинаа летниот одмор.

Во заедничкиот, речиси исцениран „настап“ пред медиумите, вчера лидерот на партијата му препорача на премиерот и присутните министри „да свикаат седница на владата“.

На ова реагираше твитер заедницата која истовремено се мобилизираше за организирање на хуманитарни акции за помош на настраданите граѓани и жителите во погодените подрачја.

Граѓаните се прашуваат дали можеше да се спречи трагедија доколку истите беа преудпредени.

На одговорност ги повикаа и надлежните од УХМР. Се критикуваше изјавата на директорот на УХМР, Оливер Ромевски дека „се случил феномен кој што придонел за катастрофата“.

Граѓаните потсетија на ветувањата на градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, за решавање на проблемот со атмосферската канализација, по поплавата во Скопје во 2014 година. Тогаш градоначалникот најави решавање на проблемот со честите поплави во градот и побара од градоначалниците на општините да ги лоцираат критичните места каде треба да се прават атмосферски канализации.

За жал, невремето за време на викендот го покажа спротивното.

Твитерџиите потсетуваат дека Водовод Скопје, кои се належни за канализациската мрежа, наместо со решавање на горливиот проблем, градат скапа зграда во барок-стил вредна 10 милиони евра.

Фотографиите кои денес се споделуваат на социјалните мрежи покажуваат дека последиците од невремето се застрашувачки

На една од фотографиите, која е снимена на планината Водно, се гледа како се формира свлечиште од земја.

Од институциите сеуште нема информации дали постои опасност за граѓаните кои живеат под падините на Водно?

Гледај видео 02:05
Now live
02:05 минути

Скопје- последици од катастрофалното невреме

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама