Твитер во борба против теориите на заговор | Свет | DW | 22.07.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Твитер во борба против теориите на заговор

Социјалната мрежа блокира содржини од приврзаниците на Доналд Трамп од движењето „КјуАнон“, кои тврдат дека американскиот претседател се бори против голем заговор, во кој се вклучени неколку негови претходници.

Твитер трајно ќе ги укине налозите кои се поврзани со екстремните теории на заговор како што е групата „КјуАнон“ која изнесува тврдења за заговори во американската власт и јавност против претседателот Доналд Трамп.

Мерките вклучуваат забрана за пристап на налозите кои се поврзани со анонимната група „Кју“, која е позната како „КјуАнон“, и ќе ги блокира споделувањата на овие содржини.

Со новата политика ќе бидат опфатени околу 150.000 профили ширум светот. Твитер објави дека досега укинал над 7.000 налози поради манипулации, злоставување на жртви и други кршења на правилата за однесување на оваа социјална мрежа.

Повеќе:

-Коронавирус: Теорија, мит или идеологија на заговор?

-Каде се во светот има корона-протести и зошто?

Теоретичарите на заговори како „КјуАнон“ тврдат дека во „тајната војна“ против претседателот Доналд Трамп се вмешани истакнати личности од разни сфери од општеството - од разузнувачки заедници и политиката преку бизнис светот , индустријата за забава, сѐ до поранешните претседатели на САД Бил Клинтон и Барак Обама. 

„КјуАнон“, меѓу останатото, тврди дека членовите на Демократската партија се вмешани во меѓународни злосторнички организации, а нивната содржина нашироко ја пренесуваат на социјалните мрежи како Фејсбук, Тик Ток, Твитер и Јутуб. Многу содржини на „КјуАнон“ имаат и антисемитски карактер.

Фејсбук веќе укина мрежа лажни профили поврзани со налогот „КјуАнон“ преку кои се пренесуваше нивната содржина.