Тајфунот Меранти пустоши во јужна Кина | Панорама | DW | 15.09.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Тајфунот Меранти пустоши во јужна Кина

Алармот е вклучен на црвено: најсилната бура во последните шест децении во јужна Кина предизвика големи штети и поплави.

Тајфунот Меранти има брзина од над 200 километри на час. Тоа е најсилниот тајфун во провинцијата Фуџиан од почетокот на регистрирање на временските прилики пред 67 години. Тајфунот предизвика огромни штети на електричната мрежа, така што дојде до „масивен прекин на снабдувањето со струја“, јави кинеската агенција Ксинхуа.

Властите од луѓето побараа да не излегуваат од дома. Бродовите се вратени во пристаништата поради брановите високи до 12 метри пред брегот на Тајван. Откажани се околу 175 летови само во провинцијата Фуџиан, а во провинцијата Гуангдонг се запрени и возовите. Градинките и училиштата во регионот се затворени од вчера.

Меранти претходно дивееше на југот на Тајван и практично го парализираше животот на милиони луѓе.

Гледај видео 00:40
Now live
00:40 минути

Највисок степен на аларм поради тајфунот Меранти

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама