Тајниот пикник: Како почна бегството од ГДР | Свет | DW | 19.08.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Тајниот пикник: Како почна бегството од ГДР

На унгарско-австриската граница се беше подготвено за голема скара. Симболичната манифестација во чест на отворена Европа го овозможи- во добар дел намерно, дел случајно- првото големо бегство од Источниот блок.

Големите приказни понекогаш имаат мали почетоци. На пример, на 19 авгст 1989, небото над Сопрон не најавуваше ништо добро. Тешките сиви облаци го притискаа малото унгарско место недалеку од австриската граница. Дента беше планиран пикник, но не било каков. Тоа требаше да биде политички, симболичен собир. Од 15 до 18 часот, покрај граничната ограда. Сигнал дека во Европа нема бариери. Но, големиот дожд го изгасна ќумурот уште и пред да се разгори.
На тој ден, ниту еден хроничар не би потрошил ни збор, да не се случеше една комбинација на случаи и околности, како и одлучност на сите учесници: бидејќи, на крајот на денот речиси 700 граѓани на ГДР ја сменија страната. Источногерманските туристи во Унгарија ја прегазија малата дрвена ограда и речиси во јуриш влегоа во Санкт Маргаретен во Австрија. Беше тоа увертира за падот на Берлинскиот ѕид три месеци подоцна- голема политика во изведба на аматери.

Grenzöffnung Österreich - Ungarn 1989 | DDR-Bürger vor Budapester Botschaft (picture-alliance/dpa/W. Kumm)

Источно Германците при рака на пикникот имаа и карти на граничниот регион

„Ханси“ и „Арпи“

Среде сето тоа беа „Ханси“ и „Арпи“. Главниот инспектор Јохан Гелтл и потполковникот Арпад Бела во 1989 година веќе долго се познаваа. Едниот служеше на западната страна на границата, а другиот зад „Железната завеса“. Ним двајцата ни до денес не им е сосема јасно што тоа им се случи на тој 19 август околу 15 часот. Ханси и Арпи во тој момент стоеја на самата граница чекајќи да дојдат најавените политички излетници. Зелениот појас на унгарска страна не е лесно да се опфати со поглед, еден рид го задскрива видикот. Одеднаш низ ридот почнаа да се симнуваат стотици мажи, жени и деца, го забрзаа чекорот, протрчаа покрај Арпи и четири- пет други граничари, се навалија на граничната капија и неколку секунди подоцна се најдоа во друг свет- на Запад.

Почеток на крајот

Илјадници луѓе тргнаа по нивните стапки, бидејќи во летото 1989 ГДР беше на смртна постела. Економски, земјата беше во слободен пад, луѓето гласно се бунеа, додека Ерих Хонекер и неговата влада подготвуваа пароли по повод 40 годишнината на земјата на работниците и селаните. Сигналите од народот не беа регистрирани. Тоа е времето кога источните Германци почнаа масовно да ја напуштаат државата.
Во Унгарија, најзападната земја на Источниот блок, тогаш околу езерото Балатон се наоѓаа десетина илјади граѓани на ГДР на годишен одмор. Се пронесе глас дека постојат дупки на границата со Австрија. Уште во мај, министрите за надворешни работи на двете земји, Алојз Мок и Ѓула Хорн симболично ја растоварија границата. Тоа за многумина беше добра можност да останат во Унгарија подолго одошто им дозволуваше визата. Тајно се подготвуваше бегство. Унгарците кои го познаваа теренот даваа совети.

Grenzöffnung Österreich - Ungarn 1989 | Johann Göltl und Arpad Bella (picture-alliance/dpa/M. Röder)

Јохан Гелтл и Арпад Бела, Ханси и Арпи 30 години подоцна


Унгарија тогаш веќе беше чекор пред другите кога се работи за смекнувањето на социјалистичката државна доктрина. Една година пред историскиот пикник, владата во Будимпешта им подари на своите граѓани слобода на патување. Притоа, Унгарците повеќе не сакаа да служат како редари кои треба да чуваат десетици илјади граѓани на ГДР кои кај нив го поминуваа годишниот одмор.

Кој беше режисерот?

На прашањето: кој ги режираше настаните од 19 август, ни 30 години подоцна нема одговор. Дали новоформираната унгарска опозиција беше тоа која го отвори патот, дали тоа беше еден отсутен царски син (Ото фон Хабзбург, кој го организираше пикникот, не се појави и ја испрати својата ќерка Валбурга), или тоа беа тајните служби? Или сите заедно?
Конспиративно звучи и следното: ни помалку ни повеќе туку тогашниот државен министер Имре Пожгај, еден од покровителите на пикникот, неколку дена пред 19 август стапил во контакт со претставниците на католичкиот хуманитарен Малтешки ред- тие се погрижиле за гостите од ГДР кои не дошле на Балатон за да пливаат, туку за да побегнат на Запад. Неговата порака гласела: границата ќе биде отворена неколку часа, и граѓаните на ГДР ќе „го најдат патот доколку се најдат во близина“.

Grenzöffnung Österreich - Ungarn 1989 | DDR-Flüchtlinge treffen im Aufnahmelager in Gießen ein (picture-alliance/dpa/W. Eilmes)

Бегалците потоа беа префрлени во западна Германија

Се беше договорено

Интересно е што унгарските опозиционери (Унгарскиот демократски форум МДФ) и претставниците на Паневропската унија се сложни во едно: и едните и другите и денес се шокирани од динамиката која ја имаше тоа попладне. Веројатно во позадината биле и други, дискретно и ефикасно. Ласло Наѓ, поранешниот активист на МДФ, и денес се чуди што еден возач на западногерманската амбасада во Будимпешта пред пикникот делел летоци на теренот околу Балатон- „повици“ на пикник, на германски и унгарски. А јавна тајна е дека во сето тоа невидливо била присутна и тајната служба на Западна Германија.
Подготовките од тој вид за Арпад Бела и неговите луѓе криеја опасна дилема. Неговата должност била да ги запира бегалците, ако треба и со оружје. Нивното пуштање да поминат била повреда на службената должност. Затоа со колегите избрале мангупско решение: Унгарците едноставно им го вртеле грбот на стотиците источногерманци кои минувале и наместо тоа ги контролирале пасошите на Австријците кои доаѓале на пикникот од другата страна. Херојски чин?
Никако! Колегата на Арпи- Ханси бил од другата страна на границата. Неколку години подоцна, тогашниот канцелар Хелмут Кол, сеќавајќи се на настанот, рече дека протиб Бела била отворена дисциплинска постапка.
„Глупак“, рекол Кол за шефот на Бела, „се беше договорено“.

DW.COM

Реклама