Тајниот живот на холандскиот крал | Панорама | DW | 18.05.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Тајниот живот на холандскиот крал

Не е тајна дека холандскиот крал Виљем-Александер ужива во летањето. Она што не беше познато досега: колку често седел во кабината како ко- пилот на најголемата холандска компанија

„Добро утро патници. Зборува вашиот крал“.
Можеме само да претпоставуваме дека многу патници веројатно би сакале да ја слушнат оваа реченица сега, откако се откри дека кралот Виљем- Александер од Холандија тајно работел како ко- пилот за најголемата холандска авиокомпанија повеќе од две децении.
Во интервју за весникот Де Телеграф, кралот откри дека летал двапати месечно како ко- пилот за компанијата КЛМ, но без притоа да им го открива својот идентитет на патниците во леталото:
„За мене летањето е едноставно фантастично“, вели монархот.

Deutschland | Niederländisches Königspaar besucht Sachsen (picture-alliance/Dutch Photo Press/P. van Katwijk)

Кралот Виљем- Александер и кралицата Максима


Полутајно хоби

Иако беше релативно познато дека кралот сака да управува со комерцијални летала, ова е првпат тој јавно да открие колку често работел како „гостин“ на компанијата. Виљем- Александер го презеде холандскиот трон во 2013 година.
„Важно ми е да имам хоби врз кое ќе се фокусирам. Имате авион, патници и екипаж и одговорен сте за нив. Не можете да ги земате вашите проблеми во воздух. Морате целосно да се исклучите и да се фокусирате на нешто друго. Тоа ми овозможува голема релаксација“, вели кралот.
За весникот тој открива дека сега зема часови за управување со Боинг 737, со што ќе добие можност и натаму да управува со летовите на КЛМ двапати месечно.
Сепак, тој вели дека ќе продолжи да го крие својот идентитет од патниците- не дека многумина ќе забележат, според него. „Повеќето патници воопшто и не го слушаат пилотот“, се жали кралот во интервјуто.

Реклама