Тајланд: Спасувањето продолжува, секоја грешка може да е кобна | Свет | DW | 09.07.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Тајланд: Спасувањето продолжува, секоја грешка може да е кобна

Акцијата на спасување на фудбалскиот тим од пештерата во Тајланд досега се одвива успешно, но опасноста ни оддалеку не е надмината. Се работи за акција од висок ризик.

Болницата во Чаинграи не е убав објект. Висока е 14 ката, има мали прозорци и насекаде мириса на клиника. Но, за Пипат Фо, со прекар Ник, таа сега веројатно е најубавото место на планетата. Тајландското 15-годишно момче по две недели минати во пештерата во комплетна темница, беше ослободено од страна на нуркачите. Заедно со уште тројца други Пипат од вчеравечер е на осмиот кат во болницата, во еден вид карантин. Лекарите темелно ги прегледуваат младите фудбалери од екипата Му Па, кои на 23 јуни заедно со тренерот заталкаа во пештерата Там Луанг-Кун Нам Нанг Нон, на границата со Мјанмар.

Не се работи само за прегледување на телото од повреди. Може да се замисли низ што минале децата кои 15 дена биле во смртен страв, иако на видео-снимките од внатрешноста на пештерата делуваа прилично храбро.

Thailand Höhle | Rettungsaktion Jugendliche (Getty Images/L. DeCicca)

Медицинскиот персонал во болницата во Чаинграи подготвено ги чека момчињата

Полицијата го има комплетно забарикадирано осмиот кат на болницата за некој случајно да не влезе без дозвола. На почетокот до децата не смееја да дојдат ниту родителите. До јавноста стигна само веста дека децата за јадење посакале пилешко со ориз.

Сѐ уште ни одалеку нема чувство на олеснување. Зашто во пештерата, на 50 километри оддалеченост од болницата, нуркачите сѐ уште се борат за животот на останатите момчиња, од кои најстарото има 17 години и на нивниот 25 годишен тренер. Дури и времето послужи. По дождот, денеска неколку часа грееше сонце.

Гувернерот Наронгсак Осотанакорн ја објави информацијата за почетокот на втората акција на спасување со зборовите: „За неколку часа ќе имаме добри вести.“ Како раководител на акцијата на спасување тој мора да влева и храброст. Околу 16:25 часот по локално време навистина стигнува информација дека е спасено и петтото момче. Потоа се зборува и за шестото, седмото, осмото...

Rettungsaktion für eingeschlossene Jungen in Thailand (picture alliance/dpa/Uncredited/Royal Thai Navy)

Двајца спасувачи земаат по едно дете, неизвесно е кога акцијата ќе заврши

Сепак, на сите им е јасно колку неверојатно опасна е оваа идеја: група деца, кои немаат никакво искуство во нуркање, се пренесуваат низ поплавената пештера во должина од четири километри. На делови од овој пат има толкави стеснувања, што професионалните нуркачи мора да вадат дел од опремата за да поминат. Наводно најтесното место има само 40 сантиметри широчина. Освен тоа, во водата речиси нема никаква видливост. Во такви случаи е многу лесно да се падне во паника. И најмалата грешка на некој од нуркачите или на некое од децата може да има смртни последици.

Повеќе: Нуркач загина во спасувачки обид во пештерата во Тајланд

Сега двајца спасувачи земаат по едно дете. Сите имаат нуркачки костими и очила за нуркање, а воздух добиваат од своите придружници. За секоја сигурност, како што соопшти данскиот нуркач Иван Караџиќ, кој е дел од тимот од 13 меѓународни професионалци, на првата група од четири момчиња им биле дадени и силни средства за смирување. „Се подготвивме за сите можни катастрофални сценарија - расипана опрема, деца зафатени од паника, деца кои се дават или кои мора да бидат реанимирани“, раскажува Караџиќ. „Бевме подготвени, но ништо не се случи. Сите беа на својата позиција и постапуваа токму онака како што требаше.“ Караџиќ е еден од нуркачите кои денеска паузираат. Утре е повторно на задача.

Thailand | Regen erschwert Rettungsaktion in Tham Luang Höhle (picture-alliance/dpa/S. Lalit)

Времето не е сојузник, сезоната на монсуни во регионот само што започна

Никој точно не знае уште колку долго ќе трае акцијата на спасување. За наредните денови повторно се најавува дожд. Во југоисточна Азија само што започна сезоната на монсуни. Затоа акцијата на спасување е и борба против времето. Доколку до крајот се извлекуваат по четворица, тогаш акцијата ќе заврши можеби во вторник навечер или среда наутро.

Повеќе: Драмата во Тајланд и потрагата по сочувство

Дури и ако за некое чудо сѐ оди како што треба, семејствата и пријателите ќе мора да се стрпат. Насекаде има молитви, вклучени телевизори. Меѓу оние кои со најмногу трепет очекуваат вести се учениците во училиштето Праситсарт во Мае Саи, каде одат шестмина од 12-те млади фудбалери.

Петнаесетогдишниот соученик Панса Сомпиенџаи им порачува: „Треба да побрзаат, зашто имаме многу домашни задачи.“

DW.COM

Реклама