Тајланд: Надежта за среќен крај сега е огромна | Свет | DW | 10.07.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Тајланд: Надежта за среќен крај сега е огромна

Во Тајланд е во тек најверојатно последниот дел од спасувачката акција во пештерата, во која заглавија момчињата од фудбалскиот тим и нивниот тренер.

Почна најверојатно последниот дел од спасувачката акција во Тајланд. Според наводи на властите, акцијата почнала во 10 часот по локално време (5 часот по средоневропско време). Целта е до вечерва да бидат извлечени сите преостанати момчиња во пештерата, како и нивниот тренер. Тие во поплавената пештера се 17 дена.

Повеќе: Тајланд: Спасувањето продолжува, секоја грешка може да е кобна

На меѓународниот тим специјални нуркачи досега му успеа да извлечат осум момчиња. Во регионот на северот на Тајланд, на границата со Мјанмар, денеска повторно има големи дождови. Акцијата на спасување е и борба против временските неприлики и против времето. Во овој дел на Азија во тек е сезоната на монсуни. Се стравува дека поради дождот, нивото на водата може многу бргу да се покачува, што практично би ја оневозможило акцијата на спасување.

Bildergalerie Thailand Höhlenrettung (picture-alliance/Royal Thai Navy/Facebook)

Нивото на водата во пештерата може да се покачи многу бргу поради дождот

Во меѓувреме, надежта за среќен крај на драмата е огромна. Сепак, се предупредува дека непосредно пред целта не треба да се биде прехрабар. Во третиот дел од акцијата учествуваат 19 нуркачи, главно од странство. Гувернерот најави дека последниот дел од акцијата ќе трае веројатно подолго од претходните два, значи подолго од 11 часа.

Повеќе: Драмата во Тајланд и потрагата по сочувство

Покрај четирите преостанати момчиња и тренерот, треба да се извлечат и четворица спасувачи. Меѓу нив е и еден австралиски лекар, кој е таму да пружи прва помош, доколку е тоа неопходно. Меѓу преостанатите момчиња е и најмладото во тимот, кое има само 11 години.

Се претпоставува дека од пештерата последен ќе биде извлечен 25-годишниот тренер на фудбалскиот тим, кој ги однесол децата во пештерата наспроти предупредувањата.

Thailand Rettungsaktion Tham Luang Höhle (Reuters/Soe Zeya Tun)

Сите осум спасени момчиња се пренесени во болница и се чувствувата генерално добро

Момчињата кои се веќе на сигурно, сѐ уште се наоѓаат во болницата во главниот град на провинцијата, Чианг Раи. Сместени се во еднокреветни соби. Лекарите информираат за мали инфекции на белите дробови кај две деца. Меѓутоа, сѐ на сѐ, здравствената состојба на децата е добра. Никој нема покачена температура. Првите извлечени четворица веќе можеа да ги видат и своите семејства, но само преку стакло. Сите осуммина ќе останат во болницата на набљудување уште една недела.

 

DW.COM

Реклама