Тајван: Десетици исчезнати по земјотресот | Свет | DW | 07.02.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Тајван: Десетици исчезнати по земјотресот

Слики на опустошување. Урнати или опасно накривени згради, оштетени патишта, мостови... Силниот земјотрес во Тајван особено тешко го погоди градот Хуалијен. Бројот на жртви расте.

Потрагата по настраданите во земјотресот во Тајван продолжува, а бројот на жртви расте. Според последните информации досега се најдени тела на 6 лица, преку 250 луѓе се повредени, додека 76 досега не можело да се воспостави контакт и се водат за исчезнати.

Земјотрес со магнитуда 6,4 го погоди вчера Тајван во регионот на Хуалијен, каде се урнаа пониските катови од повеќе згради вклучувајќи и два хотела.

Земјотресот е регистриран во 23 часот и 50 минути по локално време (16 часот и 50 минути по централноевропско време), епицентарот бил на 21 километар североисточно од пристаништето во Хуалијен, на источниот брег на Тајван, и бил на мала длабочина од околу 9,4 километри под површината на земјата, соопшти Американскиот геолошки институт (УСГС).

Тајванската официјална новинска агенција ЦНА јави денеска дека 4 лица загинале, 225 се повредени, и оти се трага по над 140 луѓе.

Гледај видео 00:23

Жртви и пустош по земјотресот во Тајван

Еден вработен во хотелот Маршал загинал  откако се урнаа пониските катови од објектот, а спасувачките екипи се обидуваат да спасат уште двајца вработени додека членовите на семејствата се наоѓаат пред хотелот и чекаат, изјави за тајванската телевизија ТВБС еден од спасувачите.

Други згради се поместени од темелите и спасувачите користат скали, јажиња и дигалки да ги извлечат луѓето од нив.

Од силата на потресот е подигнат асфалтот на патиштата и попречено е снабдувањето со струја и вода на илјадници домаќинства, соопшти националната пожарникарна служба.

Претседателката на Тајван Тсај Ин-вен ги увери граѓаните дека ќе бидат вложени сите напори за потрага по преживеаните. Таа на својата Фејсбук страница напиша оти дошла во Хуалијен денеска за да види како напредуваат напорите за спасување. Тајван се наоѓа во т.н. „Огнен појас во Тихиот Океан“, каде често има земјотреси и ерупции на вулкани.

 

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама