Тачи потврди дека ќе му предложи на Белград размена на територии | Свет | DW | 03.08.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Тачи потврди дека ќе му предложи на Белград размена на територии

Косовскиот претседател не отстапува од идејата за редефинирање на границите со Србија. Тачи најавува предлог за размена на територии кој би ја опфатил Прешевската долина. Експертите предупредуваат од последици.

Косовскиот претседател Хашим Тачи ја повтори својата идеја за „корекција“ на границата со Србија во интервју за Гласот на Америка. Со тоа тој практично ја потврди претходната изјава која предизвика бројни реакции во регионот.
„Косовската граница со Србија треба да се редифинира или да се коригира“, изјави Тачи за албанскиот сервис на ВОА.

Сепак, косовскиот претседател и натаму тврди дека жестоко ќе се спротивстави на најавите од Србија со кои се бара поделба на Косово, односно припојување на северниот дел - мнозински населен со Срби - кон Србија.

Концептот кој го предлага Тачи, како што објаснува самиот, не е поделба по етнички линии, туку редефинирање на границите со Србија.

„Тоа значи дека во процесот на нашиот дијалог со Белград, ќе работиме заедно со меѓународната заедница за да ја дефинираме косовско-српската граница. Сакам да потенцирам дека Косово нема да биде поделено; би сакал ова силно да го потенцирам: Белград не може на маса да ја стави поделбата на Косово, нешто што го бараа во минатото“, изјави Тачи.

„Во контекст на корекција на границите, се сретнав со претставници на Прешевската долина, кои сакаат да имаат право да му се приклучат на Косово. Официјално ќе го претставам овој предлог на следната рунда разговори со Белград“.

Српски претставници веќе подолго време ја туркаат идејата за поделба на Косово и промена на границите во регионот. Претходно, и српскиот претседател Александар Вучиќ се изјасни во таа насока. 

Експертот за Балканот од Џон Хопкинс универзитетот во САД, Даниел Сервер за ВОА предупредува дека такви решенија би ја отвориле „пандорината кутија“ не само на Балканот.

„Тоа е лоша идеја затоа што може да го дестабилизира целиот Балкан и ќе ја зголеми политичката поддршка за оние сили во Косово кои се спротивставуваат на независноста и посакуваат унија со Албанија“.

„Тоа исто така ќе има и пошироко негативно влијание, врз Македонија, врз БиХ, а тука ги имате и руските амбиции да ги контролираат Јужна Осетија и Грузија и други територии. Тоа ја отвора Пандорината кутија“, вели Сервер.

DW.COM

Реклама