Тачи го враќа Косово во 2007 година | Свет | DW | 14.09.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Тачи го враќа Косово во 2007 година

Опозицијата на Косово се противи на идејата за промена на границите која ја споменува претседателот Хашим Тачи. Со таквиот договор, пренесува австриски „Стандард“, се прави обид да се сочува образот на Вучиќ

Косовските опозициски партии во средата (12.9) испратија заедничко писмо до високата претставничка на ЕУ Федерика Могерини за да изразат незадоволство и несогласување со идеите на косовскиот претседател Хашим Тачи за промена на границите. Австрискиот весник Стандард по тој повод пишува:

„Тачи не го претставува народот и делува вон уставната одговорност, смета опозицијата. Впрочем, во мандатот за дијалог со Србија од 2011 година исклучена е можноста за дискусија за територијалниот интегритет. Опозициските партии бараат од Могерини јавно да ги отфрли таквите идеи, затоа што тие 'го дестабилизираат регионот и би можеле да предизвикаат верижна реакција за други територијални промени', како и поради тоа што 'не се применливи'.
Заговорниците за размена на територии по етнички клуч како аргумент наведуваат дека со тоа би требало да се сочува образот на српскиот претседател Александар Вучиќ, за тој да го поддржи договорот со Косово, пишува весникот. „Во писмото на опозициските косовски партии се истакнува: 'Таквите идеи (...) порано ги заговараа националистите и кругови во Србија кои провоцираа војна. Тоа би можело да има опасни и трагични последици“.

Стандард ја пренесува и изјавата на лидерот на опозициската партија Самоопределување Албин Курти: „Веќе сега е нанесена одредена штета, бидејќи Тачи со својот предлог го врати Косово во 2008 година, во време кога се уште не беше прогласена независноста. Тој се однесува како нашата државност да е предмет на договор со Србија. Покрај тоа, на државите кои не признаа им се испраќа сигнал дека нешто не е во ред со нашите граници“.

Курти, пишува Стандард, верува дека предлогот на Тачи има врска со неговиот страв од затвор. „На Косово се чека на обвинението на Судот за воени злосторства- Тачи досега не беше обвинет. Курти пледира за скори избори и најавува демонстрации. „Јас не сум против дијалог со Србија, туку само против дијалог без принципи“, вели Курти.

DW.COM

Поврзана содржина