Тадиќ ќе го посети Вуковар? | Теми | DW | 20.07.2010
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Теми

Тадиќ ќе го посети Вуковар?

Изјавата на српскиот претседател Тадиќ дека може да се очекува негова посета на Вуковар наиде на позитивни реакции во Хрватска. Граѓаните би го поздравиле тој гест, ако биде придружен со извинување за злосторствата.

Тадиќ и Јосиповиќ

Тадиќ и Јосиповиќ

Српскиот претседател Борис Тадиќ е добредојден во Вуковар, изјави хрватската премиерка Јадранка Косор и додаде дека посета на Тадиќ секако би бил добар потег. Косор смета дека во „контекст на соработката со Меѓународниот кривичен суд, во Хрватска се очекува конечно да бидат уапсени Младиќ, но и Хаџиќ и да застанат

EVP Kongress in Bonn

Хрватската премиерка Јадранка Косор

пред лицето на правдата.“ Градоначалникот на Вуковар Жељко Сабо исто така ја поздравува најавата за посетата на Тадиќ и додава дека токму тој имал идеја првата средба меѓу претседателите на Хрватска и Србија да се одржи во Вуковар, оти на тој начин би ги охрабриле сите кои се залагаат за развивање на добри односи во иднината.

Иако Тадиќ и не назначил термин на доаѓање, медиумите почнаа да шпекулираат дека би било добро ако тоа се случи на 18 ноември, денот кога падна Вуковар, или на 12 ноември на 15-годишнината од потпишувањето на

Jugoslawien Kroatien Serbien Geschichte Kriegsverbrechen Vukovar

Вуковар во 1991 година

Ердутскиот договор, со кој започна мирна реинтеграција на Славонија, Барања и Западен Срем во хрватскиот државно-правен систем. Претседателот на Самостојна демократска српска партија (СДСС), Војислав Станимировиќ не верува дека Тадиќ ќе го посети Вуковар на 18 ноември и истакна дека неговата партија има иницијатива до парламентот и владата, годишнината од Ердутскиот договор да се одбележи достоинствено.

Сабо и Станимировиќ, како и останатите актери на хрватската политичка сцена, посетата на претседателот Иво Јосиповиќ на Србија и најавата дека Тадиќ ќе го посети Вуковар ги сметаат за знак за подобри односи меѓу двете држави. Благонаклонето се гледа и на поддршката што ја дава претседателот Јосиповиќ за евро-атланските аспирации на земјите од регионот.

Flaggen Serbien Kroatien

Аналитичарите сметаат дека средбата на двајцата претседатели е значајна од многу причини: на пример дополнително е потврдена извонредната соработка на полето на сузбивање на организираниот криминал, поттикнати се преговорите за решавање на граничните спорови, почнати се преговори за аранжманот за премин на границата само со лична карта, а и Србија вети дека ќе ги отстапи документите поврзани со случувањата во Вуковарската болница, за време на војната.

Освен ова, со посетата на Јосиповиќ на Србија би требало да престанат натегањата и лицитациите кој ќе го заземе местото лидер во регионот. Хрватска е на чекор до ЕУ, повеќепати покажа подготвеност и на другите држави да им помогне на тој пат и подготвена е сите отворени прашања да ги реши низ дијалог. Регионалната соработка е еден од најважните елементи на политиката на ЕУ кон просторот на бивша Југославија, а очигледно дека тоа се’ повеќе се сфаќа како во Загреб, така и во Белград и останатите држави во регионот.

Автор: Гордана Симоновиќ/ Александра Трајковска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска