Сѐ повеќе загинати во поплавите на векот во јужна Индија | Свет | DW | 18.08.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Сѐ повеќе загинати во поплавите на векот во јужна Индија

Посебно погодена од поплавите е индиската сојузна држава Керала, која е омилена меѓу туристите. Таму и натаму илјадници луѓе заробени од поплавите очекуваат помош.

Најмалку 324 лица загинале во поплавите во индиската држава Керала, а властите го предупредија населението за нови врнежи.

Новиот биланс на жртви го соопшти локалниот премиер Пинарај Виџајан кој на Твитер наведе дека Керала ја погодиле „најлошите поплави во последните 100 години“. Претходниот официјално соопштен број на жртви изнесуваше 164.

Во операциите за помош на поплавените подрачја учествуваат стотици војници, над 30 хеликоптери и 320 бродови.

Гледај видео 00:50

Смртоносни поплави во јужна Индија

Според властите, во околу 2.000 импровизирани кампови се сместени 310.000 без покрив над глава.Премиерот на Индија, Нарендра Моди го посети регионот и вети повеќе од 70 милиони американски долари за финансиска помош.

Монсунските дождови во претходните 10 дена доведоа до поплави, лизгање на земјиштето, уривање на куќи и мостови, и пречки во воздушниот и во железничкиот сообраќај во Керала, популарна туристичка дестинација со прекрасни плажи.

Од монсунските дождови секоја година страдаат стотици лица во Индија. Сезоната на монсуните трае од јуни до септември.

Според предвидувањата, се очекува  врнежите  да се намалат во наредните денови, објави весникот Тајмс оф Индија.

Луѓето од Керала се борат од 8-ми август со екстремно поројните монсунски дождови. Но, и други индиски сојузни држави држави, вклучувајќи ги и Карнатака северно од Керала и Мадја Прадеш во внатрешноста, исто така, се сериозно погодени.

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама