Сѐ има граници- па и правото на протест | Свет | DW | 12.12.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Сѐ има граници- па и правото на протест

Германија е отворена и толерантна земја. Но, кој сака да живее во Германија, мора да се обврзе кон нашиот вредносен консензус. Во тоа се вбројува и борбата против антисемитизмот, смета главната уредничка на ДВ, Инес Пол.

Правото на демонстрации ужива многу голема заштита во Германија. Само под високи услови тоа смее да биде ограничено. Соодветно на тоа, нашата демократија секогаш одново мора да го издржи скандирањето пароли на германските улици кои во суштина се антидемократски. На пример, несмасната парола „странци надвор“.

Нашата земја болно научи од нацистичката диктатура каде може да води тоа кога државата може да ги замолчи своите критичари и да го забрани протестот на улица. Затоа, се подразбира само по себе, оти критичарите на владата на Меркел смеат да демонстрираат или дека Палестинците во Германија смеаат да го искажат својот гнев пред Амбасадата на САД  во врска со планираниот трансфер на американската амбасада во Ерусалим.

Повеќе на темата:

-Ерусалим: Луѓето ќе страдаат од празните зборови на Трамп

-Ерусалим: „Бакнеж на смртта“

-„Трамп не знае што прави"

Земјата на злосторниците не треба да го врти погледот

Но нашата историја не нѐ обврзува да дозволиме сè без граници. Напротив. Германија е одговорна за убиството на најмалку шест милиони Евреи. И без разлика колку време има поминато од холокаустот, Германија во борбата против антисемитизмот за сите времиња има посебна задача што треба да ја исполни. Земјата на сторителите никогаш не смее да гледа настрана. Никаде и сигурно не во сопствената земја.

Ines Pohl Kommentarbild App (DW/P. Böll)

Инес Пол, авторка на коментарот

Затоа, под никакви околности не смееме да прифатиме знамиња со Давидовата ѕвезда да се горат во Германија. Луѓето кои  тука бараат заштита, кои сакаат да најдат нов дом во Германија, мора да се придржуваат кон тоа. Постојат темели на нашата заедница на вредности за кои не може да се преговара.

Доселеничката земја Германија

Во други општества, можеби е вообичаено да се запалат знамиња за да се обесчести непријателот. Германскиот устав се заснова на почитување на другите и  на заштита на малцинствата. Иако можеби тоа  кривично- правно не е релевантно, сепак неприфатливо е да се палат турски, руски, американски или саудиски знамиња. Без разлика колку се критикуваат владите на поединечните земји.

Соживотот во доселеничката земја Германија има иднина само ако никогаш не ги заборавиме лекциите од нашата специфична историја. И оние кои не се обврзани кон ова наследство не можат да најдат иднина овде. За тоа не може да се преговара.

 

DW.COM

Поврзана содржина

Реклама