Судири на демонстрантите и полицијата во Тирана | Информации и анализи за Балкан | DW | 16.02.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Балкан

Судири на демонстрантите и полицијата во Тирана

Илјадници симпатизери на албанската опозиција денеска влегоа во конфликт со полицијата за време на протестот против, како што тврдат, корумпираната и неефикасна влада, на кој бараа оставка на владата и вонредни избори.

Симпатизерите на опозициската Демократска партија на неколку места го пробија полицискиот кордон во обид да влезат во зградата во која живее премиерот на Албанија, Еди Рама, но не влегоа во зградата. 

И околу седиштето на владата се наоѓаат стотици полицајци. Зградата е нападната со камења и повеќе стакла се искршени.

Полицијата не пружа преголем отпор и се држи на страна, иако користеше солзавец, водени топови и преку разглас ги повикуваше собраните луѓе да се разидат.

Кога и да го пробиеја кордонот, полицијата фрлаа солзавец и повторно се групираа.

Претседателот на Албанија, Илир Мета, повика на воздржаност, велејќи дека „граѓаните имаат право да протестираат, а институциите треба да се почитуваат“.

САД, ЕУ и меѓународните институции ја повикаа опозицијата да одржи мирни протести.

Борбата против корупција и организиран криминал е приоритет за Албанија, која се надева дека годинава ќе започне пристапни преговори со ЕУ.

 

Реклама