Судири меѓу полицијата и демонстрантите во Романија | Свет | DW | 11.08.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Судири меѓу полицијата и демонстрантите во Романија

Полицијата во Романија со солзавец и водени топови ги растури десетиците илјади демонстранти, незадоволни од корупцијата во владата и адиминстрацијата. Претседателот Клаус Јоханис ја осуди бруталноста на полицијата.

Во насилните судири на полицијата и демонстрантите на маргините намасовните антивладини протести синоќа во Букурешт се повредени 440 лица, меѓу кои и 24 полицајци.

До судири дошло на повеќе места. Пред владиното седиште полицијата употреби солзавец и водени топови против демонстрантите, повеќе лица се приведени. Незадоволството од коруптивната влада Романците го изразија и во други градови, каде на улиците излегоа десетици илјади граѓани. На демонстрации преку социјалните мрежи повикаа романските гастарбајтери, кои одморот го поминуваат во својата татковина. Протестите против социјалдемократската влада траат со месеци. Критичарите ја обвинуваат за промена на законите во прилог на коруптивните политичари.

Гледај видео 01:50
Now live
01:50 минути

Судири на полицијата и демонстрантите во Романија

 

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема