Судири во Карачи | Вести | DW | 12.05.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Судири во Карачи

Во јужнопакистанскиот град Карачи противниците и приврзениците на владата на претседателот Первез Мушарав водеа крвави битки.Според полицијата,убиени се најмалку 15 лица,а голем број се ранети.Причина за судирите е спорот околу разрешувањето на врховен судија поради наводна злоупотреба на положбата.Поради тоа од март низ целата земја се одржуваат насилни протести против претседателот Мушараф.Во демонстрациите во негов прилог во Исламабад пак се очекуваат околу 400 илјади луѓе.