Судење на сецесионистите во Мадрид без Пуџдемон | Свет | DW | 02.11.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Судење на сецесионистите во Мадрид без Пуџдемон

Во Мадрид ќе бидат сослушани каталонските сецесионистички лидери. Пуџдемон во средата најави дека ќе ја игнорира судската покана, но рече дека е подготвен да сведочи во Белгија

Каталонските сецесионистички лидери денеска пред судот во Мадрид ќе одговараат на обвинувањата за бунт, но без поранешниот премиер Карлес Пуџдемон кој најави дека нема да се појави на сослушувањето.

Премиерот Маријано Рахој ги отпушти Пуџдемон и неговата влада во петокот, неколку часа откако каталонскиот парламент изгласа еднострана декларација за независност- гласање кое беше бојкотирано од опозицијата и прогласено за нелегално од шпанските судови.
Пуџдемон во средата најави дека ќе ја игнорира судската покана, но рече дека е подготвен да сведочи во Белгија, каде што отпатува со уште четворица членови на владата откако беше отпуштен.
Останатите 15 членови на кабинетот ќе сведочат денеска, меѓу нив и поранешниот потпретседател Ориол Хункуерас, осуммина други екс министри и шест регионални законодавци, вклучително и претседателот на каталонскиот парламент Карме Форкадел.

На првото сослушување судиите треба да одлучат дали ќе започнат целосна истрага која може да трае неколку години и може да доведе до судење. Тие исто така треба да одлучат дали повиканите на сведочењето треба да останат во притвор за време на истрагата, или ќе им биде одредена кауција со обврска да ги предадат пасошите.
Судовите веќе им наредија на каталонските сецесионистички лидери да депонираат 6,2 милиони евра до петок за да ги покријат евентуалните трошоци.

Доколку Пуџдемон не се појави на сослушувањето против него ќе биде распишана потерница, по што нема да има право да се кандидира на вонредните регионални избори во Каталонија на 21 декември годинава.
По бурните месеци, се насетуваат и првите поделби во самиот блок кој се бори за независност на Каталонија, откако повеќе сојузници на Пуџдемон во меѓувреме повикаа на преговори со централната влада.

Но, во самиот регион расте поддршката за независност. Според анкета спроведена во вторникот; 48,7 проценти од анкетираните Каталонци сметаат дека регионот треба да биде независен, раст во однос на јуни годинава кога таа поддршка изнесуваше 41,1 отсто.

 

DW.COM

Реклама