Судбоносна недела за Доналд Трамп | Свет | DW | 27.02.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Судбоносна недела за Доналд Трамп

Претседателот на САД на надворешнополитички план во Ханој би можело да постигне успех, додека во истовреме неговиот долгогодишен „човек за матни зделки“ пред Конгресот дава исказ - тоа може да биде непријатен спектакл!

Американските медиуми говорат за „дива недела“, за политичка „блокбастер-недела“, или пак очекуваат „судбинска недела во Конгресот“. Да не беше временската разлика меѓу Ханој и Вашингтон, сето би можело да се следи паралелно на еден екран поделен на два дела. Од една страна историските фотографии од можниот мировен договор меѓу САД и Северна Кореја, а на другата веројатно многу експлозивниот исказ во американскиот Конгрес. Имено, таму на сослушување е некогашниот адвокат на Трамп, Мајкл Коен, кој за него ги извршувал валканите работи.

Желбата на Трамп за добивање на Нобеловата награда за мир би можела да биде прекриена од неговото мрачно минато во тргувањето со недвижности, изјави коментаторот Крис Силица за Си-Ен-Ен. „Тоа се два големи настана: едниот би можел веројатно да биде добар за Трамп, а другиот би можел добро да ја протресе неговата претседателска функција. А сето практично се случува во исто време“.

Поранешниот адвокат на Трамп, Мајкл Коен, кој во мај би требало да замине на издржување на тригодишна затворска казна, уште во вторникот минатата недела даде исказ пред Комитетот за тајните служби на Сенатот, зад затворени врати.

New York Gericht Prozess Anwalt Michael Cohen (picture-alliance/AA/A. Ozdil)

Мајкл Коен

За разлика од тоа, тој сега ќе даде исказ јавно - во Надзорниот комитет на Претставничкиот дом на Конгресот. Демократите за него имаат цел грст прашања - за Трамп и парите кои им се дадени на порно-ѕвездата Сторми Даниелс и други жени за да молчат. Исто така за планираната изградба на Трамп-кулата во Москва, а посебно за тоа како Трамп го притискал својот поранешен адвокат да даде лажен исказ. Згора на тоа, тука се и прашањата за обидите за застрашување од страна на претседателот. Тоа би значело дека имало попречување на работата на правосудството, што би бил предуслов за негово отповикување на претседателската функција.

Повеќе: Дилот на Манафорт - црн ден за Трамп

Трамп: Мене не ми се брза

Коен уште во декември за телевизијата Еј-Би-Си изјави дека не работел ништо без упатство од Трамп: „Во организацијата на Трамп ништо не се одлучуваше без господинот Трамп. Тој ми даваше налози да ги исплаќам тие жени и да се погрижам за тие работи“.

Значи Доналд Трамп е под голем притисок со голем успех во Ханој да ги прекрие негативните вести од Вашингтон. Со оглед на тоа дека досега немаше никакво придвижување во денуклеаризацијата на Северна Кореја, на Трамп итно му е потребен ПР успех во Ханој. Мировен договор меѓу САД и Северна Кореја би ги наполнил медиумите со позитивни наслови. Но Трамп пред патот за Виетнам свесно ги намали очекувањата околу денуклеаризацијата. „Мене не ми се брза. Сѐ додека нема производство на нови ракети и нуклеарни тестови, ние сме среќни“.

Kim Jong Un am Flughafen in Singapur (picture-alliance/dpa/Ministry of Communications and Information of Singapore/T. Tan)

Ким Јонг Ун

Меѓутоа, исказот на неговиот некогашен адвокат во Конгресот, не е единствената грижа на Трамп на внатрешнополитички план. Претставничкиот дом со мнозинските гласови на демократите усвои резолуција против објавената вонредна состојба од страна на Трамп.

А веќе наредната недела во министерството за правда би можел да пристигне извештајот на Роберт Милер, специјалниот истражител за Русија. Неповолната клима на внатрешнополитички план би можела да се одрази врз надворешнополитичките успеси на Трамп - под услов, се разбира, самитот во Ханој да биде успешен и да биде постигнат договор со Кина во трговскиот спор. Многу аналитичари во САД говорат дека ова е судбоносна недела за Доналд Трамп.

 

DW.COM

Реклама