Судбината на Шумахер - од несреќа до закрепнување
11 септември 201429 декември 2013
Михаел Шумахер скијал во француското одморалиште Мерибел. Тој се спуштал по удолнина, која била околу 4,5 метри одалечена од означената писта, кога удрил во карпа, при што паднал и ја удрил главата на друга карпа. Планинските спасувачки екипи веднаш дошле да му дадат прва помош. Тој наводно бил свесен, но збунет. Неговата кацига се скршила за време на падот. Со хеликоптер Шумахер бил веднаш префрлен во најблиската болница. Поради тешките повреди, потоа бил преместен во Универзитетската клиника во Гренобл, каде веднаш бил опериран. Имал повреда на мозокот и паднал во кома. Подоцна, истата вечер клиниката ги потврди медиумските извештаи дека Шумахер е во критична состојба.
30 декември 2013
Состојбата на Шумахер беше исклучително сериозна. Неговиот мозок претрпел тешки повреди. „Загрижени сме за неговата состојба“, изјави еден од докторите. Клиниката одби да одговори на прашањето - колкави се шансите да преживее? Во Берлин, канцеларката Меркел изрази загриженост за ситуацијата со Шумахер. „Исто како и милиони други Германци, така и канцеларката, но и пратениците во германскиот Парламент беа во шок кога дознаа за тешката несреќа на Михаел Шумахер“, изјави портпаролот Штефан Зајберт. Подоцна, истата вечер, Шумахер беше опериран по втор пат, при што лекарите отстранија хематом од левата страна неговиот мозок. Операцијата траеше речиси два часа и немаше никакви компликации.
1 јануари 2014
Менаџерката на Шумахер, Сабине Кем, одржа прес-конференција, на која изјави дека состојбата на Михаел била стабилна за време на новогодишната ноќ, како и следното утро. Но, неговиот живот и натаму беше во опасност.
3 јануари 2014
Роденденот на Шумахер, на кој наполни 45 години. Повеќе од сто фанови на „Ферари“ се собраа во Гренобл да му одадат почит и подршка на возачот на Формула 1. „Навистина сме изненадени и премногу благодарни“, беше реакцијата на семсејтвото на Шумахер.
7 јануари 2014
Сопругата на Шумахер ги замоли новинарите да ги остават на мира докторите и семејството и да ја напуштат клиниката.
8 јануари 2014
Инспекторите одржаа прес-конференција на која изјавија дека Шумахер не скијал пребрзо кога се случила несреќата. Но, истрагата беше се’ уште во тек и експертите се’ уште ги анализираа снимките од камерата на кацигата на Михаел.
30 јануари 2014
Менаџерката на Шумахер потврди: „Анестезиите на Михаел се редуцирани, со цел да почне процесот на будење од кома, што може да потрае подолго време“.
17 февруари 2014
Откако истрагата заврши, беше констатирано дека нема индикации за вмешаност на трети лица и можноста за криминално гонење беше отфрлена.
12 март 2014
Семсјтвото на Шумахер излезе со изјава: „Ние веруваме и ќе продолжиме да веруваме дека Михаел ќе ја преброди комата и ќе се разбуди“.
16 март 2014
„Мерцедес“ ја посвети победата на Нико Розберг, во првата Формула 1 трка на сезоната во Австралија, на нивниот поранешен возач - Шумахер.
4 април 2014
„Михаел има напредок, дава знаци на будење“, кажа менаџерката Кем во пишана изјава.
16 јуни 2014
Неговата менаџерка изјави дека Михаил се разбудил од кома, ја напуштил клиниката во Гренобл, но продолжува со рехабилитација. Портпаролот на швајцарската клиника во Лозана потврди дека Шумахер бил примен во болницата, но одби да даде дополнителни информации.
23 јуни 2014
Менаџерката на Шумахер ја потврди шпекулацијата дека медицинските извештаи на Шумахер биле украдени и понудени на одредени медиуми за пари.
5 август 2014
Човекот осомничен за кражбата на медицинските извештаи на Шумахер беше пронајден обесен во неговата притворска ќелија. Циришката полиција го уапси ден пред тоа.
9 септември 2014
Шумахер ја напушти клиниката во Лозана за да продолжи на домашно лекување и рехабилитирање. „Се’ уште го чека долг и тежок пат“, изјави неговата менаџерка.