Судар на два борбени авиона во Германија | Свет | DW | 24.06.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Судар на два борбени авиона во Германија

Два борбени авиони од типот „Еурофајтер“ денеска се судрија над германската покраина Мекленбург Предна Померанија.

Двата авиона на германската армија се судриле денеска рано попладне, потврди портпарол на воената авијација во Лаге, во близина на Росток. Двајцата пилоти, како што се вели, го активирале седиштето за катапултирање од леталата. Сударот се случил над Флесензе, во близина на градот Варен. Во регионот во моментов е во тек голема спасувачка акција.

Агенцијата ДПА, повикувајќи се на свои извори во Министерството за одбрана, јави дека еден од пилотите е веќе пронајден жив. Потрагата по вториот пилот е во тек. Според информации на ДПА, за сударот на двата борбени авиона јавил пилот во трет „Еурофајтер“.

Леталата припаѓаат на воената ескадрила 73 „Штајнхоф“ на Бундесверот, која е стационирана во Росток.

Реклама