1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Загадениот воздух фактор за 15% од смртните случаи од Ковид?

ЕМФ | агенции
27 октомври 2020

Околу 15% од смртните случаи од Ковид-19 би можеле да се должат на загадувањето на воздухот, сметаат научници од Германија и Кипар кои објавија студија за можните корона-здравствени ризици од емисиите на издувни гасови.

https://p.dw.com/p/3kUUn
Nordmazedonien | Luftverschmutzung in Skopje
Фотографија: DW/P. Stojanovski

Истражувањата досега покажаа дека загадувањето на воздухот со честички од ситна прашина, која се создава при испуштањето издувни гасови, влијае врз должината на животот на луѓето. Сега, новата студија, изработена од германски и кипарски научници, доаѓа до заклучок дека емисиите на издувни гасови влијаат и врз стапката на смртност од коронавирус.

Mazedonien Nebel Luftverschmutzung in Skopje
Маски на улиците во Скопје се носеа и пред пандемијата со корона - загадениот воздух е голем проблем на градотФотографија: Reuters/O. Teofilovski

За истражувањето, објавено во списанието „Кардиоваскуларни истражувања“, научниот тим под раквоодство на Јос Леливелд од институтот „Макс Планк“ за хемија во Мајнц, ги истражуваше, меѓу другото, здравствените податоци и податоците за болести во САД и Кина, и нив потоа ги комбинираше со податоците за глобалното и локалното загадување на воздухот со ситна прашина. Истражувачите доаѓаат до заклучок дека во источна Азија, каде има една од најголемите стапки на загадување на воздухот со штетни материи, 27% од смртните случаи од Ковид-19 би можеле да се должат на влошеното здравје поради лошиот квалитет на воздухот. Во Европа овој процент е 19%, а во Северна Америка - 17%.

Но, во Европа има големи разлики. Додека во Чешка се зборува за 29%, а во Германија за 26%, загадувањето на воздухот во Португалија е можна причина за смртност од Ковид-19 кај 11% од болните, а во Шпанија кај само 9%. Во Австралија има 3%, а во Нов Зеланд само 1% смртни случаи од Ковид-19 кои би можеле да бидат резултат на влошено здравје од загаден воздух.

Како самите да придонесеме за почист воздух?

„Кога долгорочно загадување на воздухот се комбинира со инфекција со Sars-CoV-2, тоа се одразува негативно на здравјето - особено на срцето и крвните садови“, објаснува кардиологот и коавтор на студијата Томас Минцел. Според него, загадувањето на воздухот ги прави поверојатни факторите на ризик за Ковид-19, како проблеми со белите дробови и срцето.

Научниците укажуваат дека ситната прашина убива и независно од Ковид-19. Затоа тие бараат посилна борба против загадувањето на воздухот, како премин кон чисти и обновливи извори на енергија. Пандемијата веројатно ќе заврши со вакцинацијата на луѓето, но „против лошиот квалитет на воздугхот и промените на климата“ нема вакцина, велат тие. Единствена помош е „намалување на емисиите“ на издувни гасови.

Аерозагадување - новиот симбол на Балканот

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи