Студија – со корона се заразени четирипати повеќе луѓе од регистрираните | Панорама | DW | 07.11.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Студија – со корона се заразени четирипати повеќе луѓе од регистрираните

Околу 5.300 случајно одбрани луѓе од 3000 домаќинства во Минхен учествувале во студија за антитела. Резултатот – без да знаат многумина веќе имале инфекција со Сарс-КоВ-2, далеку повеќе од очекуваното.

Околу 1,8 проценти од жителите на Минхен развиле антитела против вирусот Сарс-КоВ-2, покажува студијата на Институтот за тропски болести на клиниката на Универзитетот Лудвиг-Максимилијан  во Минхен. Со тоа уделот на Минхенчани кај кои е докажано постоење антитела е четирипати повисок од бројот на досега

официјално регистрираните позитивни случаи на коронавирус во баварската престолнина.

Присуството на антитела покажува дали некој веќе бил инфициран со Ковид-19. Студијата имаше цел меѓу другото да фрли светлина врз големината на сивата бројка на корона-заразени. Значителен број од инфицираните со коронавирус манифестираат само благи симптоми или воопшто немаат никакви знаци на болеста.

Студијата од Минхен за Германија има поголемо значење отколку испитувањата на локалните жаришта, истакнува раководителот на студијата, Михаел Хелшер. 25 тима во рамки на испитувањето биле на терен околу два месеци заради земање крв за анализа од околу 5.300 доброволци.

Повеќе:

Коронавирус: Седум различни групи симптоми 

Колку долго сум имун на коронавирусот по заразувањето?

Студија: Речиси половина жители на Ишгл инфицирани со коронавирус

Само 20% од заразените со коронавирус имаат симптоми, секој стоти завршува на респиратор

Изборот на домаќинствата е направен по принципот на случајност, но во повеќекатниците екипите посетувале едно семејство на спрат, за да  утврдат евентуална зачестеност на инфекциите. Анализата на податоците покажува дека во станбените згради, но и на растојание до околу 200 метри, зачестеноста на инфекциите бележи зголемување кое било повисоко од очекуваното.

Смртноста од Ковид-19 кај луѓето со развиени антитела против коронавирусот, според студијата, изнесува 0,76 проценти, ниво „повеќекратно повисоко во споредба со она сезонските грипални инфекции."

Во Гангелт во германската сојузна покраина Северна Вестфалија, која беше силно погодена од првиот бран на коронавирусот, групата научници под водство на вирологот Хендрик Штрек во студија со учество на близу 900 жители стигна до слична сива бројка на инфекции како најновата од Минхен. Но, проектираниот морталитет тогаш беше 0,37 проценти, имаше само седум смртни случаи.

Реклама