Студија: Вакцината на Бионтек/Фајзер „екстремно ефикасна“ | Панорама | DW | 15.02.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Студија: Вакцината на Бионтек/Фајзер „екстремно ефикасна“

Анализа направена во Израел ја потврдува високата ефикасност на вакцината на Бионтек/Фајзер.

Здравственото осигурување Клалит во истражувањето опфатило 600.000 луѓе кои најмалку пред една недела примиле втора доза од вакцината. Според портпаролката на Клалит, во групата на вакцинирани имало 94% помалку симтоматски инфекции отколку во контролна група на невакцинирани луѓе. Кај оние кои се инфицирале и покрај примената вакцина, е регистриран 92 % помал тежок тек на болеста. Во испитуваната група од 600.000 граѓани околу 430.000 биле на возраст меѓу 16 и 59 години, а останатите на преку 60 години.

Претходна анализа веќе покажа дека луѓето кои се инфицираат со Сарс-КоВ-2 по примена вакцина, се чини дека репродуцираат помалку вируси, со што веројатно се помалку заразни. Тоа важи веќе по примената прва доза, истакнуваат израелските научници.

Гледај видео 01:35

До вакцина, како на лотарија

Израел претставува еден вид земја-модел за Бионтек/Фајзер, израелската влада на фирмите за возврат за лиферувањето вакцини им става на располагање податоци од кампањата на вакцинација. Експертот од здравственото осигурување Клалит, Ран Баликер изјави дека со извршената анализа недвојбено е утврдена висока делотворност на вакцината на Бионтек/Фајзер по примената втора доза. Двете фармацевтски фирми наведоа 95 процентна ефикасност на својата вакцина по ревакцинацијата.

Во Израел од 19 декември ланската година во тек е интензивна кампања за вакцинирање, податоците на Министерството за здравство велат дека досега околу 3,9 милиони граѓани примиле прва, а околу 2,5 милиони луѓе и втора доза од вакцината. Земјата со вкупно девет милиони жители планира до крајот на март на сите свои граѓани постари од 16 години да им направи понуда за вакцинирање.