Студентски протести во Тирана: Нема верба во Рама | Свет | DW | 13.12.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Студентски протести во Тирана: Нема верба во Рама

Студентите во Албанија облекоа жолти елеци и гласно протестираат против владата. Притоа, не им е само до стандардот. Нивните барања се многу пошироки.

Студентите во Тирана протестираат веќе две недели. Вчеравечер по вторпат кампуваа пред седиштето на премиерот. Студентски протести во Албанија имаше и порано, но овие се поинакви: се работи за спонтано, мирољубиво искажување незадоволство на цивилното општество, протести кои не се иницирани или организирани од страна на политички фондации, партии или здруженија.

Студентите вчера најавија штрајк со глад доколку владата не ги исполни нивните барања за намалување на трошоците за студирање и за подобрување на условите за студирање и живот. Но, се чини дека штрајкот со глад е одложен како крајна мерка за подоцна. Наместо тоа, студентите сега кампуваат и во текот на ноќта пред Министерството за образование, завиткани во ќебиња кои во знак на солидарност со нивните барања им ги носат граѓаните на Тирана, заедно со храна. Премиерот Еди Рама преку социјалните мрежи ги повикуваше повеќепати на разговор - каде сакаат и кога сакаат. Но, студентите засега упорно го одбиваат неговиот повик.

Рама, кој досега покажуваше извесно разбирање за барањата на студентите, сега изрази сомневање дека нивниот ангажман сепак е во прилог на опозицијата. Во парламентот денес Рама рече дека студентите ѝ задале удар на Владата, а на опозицијата ѝ дале трунка надеж.

Albanien Tirana Studentenproteste vor dem Bildungsministerium (DW/A. Ruci)

Протести на студентите пред Министерството за образование во Тирана

Студентите не сакаат мешање на политиката

Фабио Дукаѓини, студент по електротехника на Политехничкиот универзитет во Тирана, за ДВ ги објаснува причините за отфрлањето на дијалогот: „Прво нека ни ги исполнат барањата, а потоа можеме да разговараме. Не му веруваме на премиерот, досега ништо нема сторено за нас. Прво нека интервенира политиката. Нашиот протест не е управуван од никого, не е предводен од никого. Ние комуницираме меѓусебно и директно, по пат на WhatsApp или на социјалните мрежи. И од нашите форуми ги протеравме оние кои се претставуваат како студенти, а всушност се дел од политичката младина на различни партии“, вели Фабио Дукаѓини.

Гледај видео 02:14

#dw_BalkanBooster: Младите сакаат да си заминат од Албанија

Тој додава дека студентското движење одлучно отфрла секаков облик на мешање во протестите и обиди за манипулација: „Не сакаме да нѐ користат за свои политички цели. Сите влади и партии, дури и оние кои сега се во опозиција, досега ги забораваа студентите. Нѐ држат во беда со генерации, не сториле ништо за квалитетот на студирање и за тоа на студентите да им се овозможи нормално учење и нормален живот. Затоа сме решени да продолжиме со протестот и не ни треба никаков водач“, вели Дукаѓини.

Студентите, меѓу другото, бараат двојно зголемување на средствата за државните универзитети, подобра можност за наоѓање финансиски средства, како и подобра застапеност на студентите во управните одбори на универзитетите.

Помош од Германија

Дека протестите имаат одреден успех покажува и најновиот потег на албанската влада. Вчера со посредство на германската Банка за обнова (КфВ) беше склучен договор со германската влада за финансирање. Целта е обнова на студентскиот град во Тирана, а вкупната помош изнесува три милиони евра.

Albanien Studentenproteste gegen Reform des Hochschulsystems (DW/A. Ruci)

„Не му веруваме на премиерот, досега ништо нема сторено за нас“, велат студентите

Меѓутоа, студентите освен подобрување на животните услови, бараат и враќање на општоважечките вредности на универзитетите. Се бара исклучување на корумпираните професори и неспособните педагози од системот на високото образование. Освен тоа, се бара и смена од професорските позиции на оние кои дотука не стигнале поради својата способност, туку поради припадноста на одредена партија. Во средиштето на барањата на студентите е изградба на високо образование кое ќе им овозможи кквалитетно образование и ќе ги оспособи за вклучување во модерниот пазар на работа. Досегашниот систем тоа не бил во состојба да им го пружи, се жалат тие.

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама