Страв од криминалот | Свет | DW | 12.07.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Страв од криминалот

Интензивното известување за криминалот, посебно кога сторителите се бегалци или мигранти, плаши многу луѓе. Официјалните статистики пак порачуваат дека нема причина за загриженост. Кому да му веруваме?

Насилство, вооружени грабежи, упади во станови - тоа се само некои од сликите со кои медиумите секојдневно нѐ бомбардираат.

И поради кои многумина стравуваат за својата безбедност

Притоа, ако му се верува на Евростат, Европската унија од година во година е сѐ побезбедна. Така, на пример, бројот на вооружени грабежи и кражби на автомобили е во забележителен пад. Освен тоа, ниту еден европски град не се најде на листата на 50 најопасни градови во светот.

Гледај видео 01:59

Страв од криминалот

Но, како тоа изгледа во конкретни податоци?

Во Германија во 2018 година се регистрирани 5,56 милиони кривични дела. Иако оваа бројка на прв поглед изгледа застрашувачки, таа всушност покажува дека бројот на казнени деликти во Германија се намалил за 3,6 насто во однос на претходната година.

Но, на статистиките не треба слепо да им се верува. Тие не покажуваат комплетна, туку само делумна слика. Меѓу другото и поради тоа што многу прекршоци никогаш и не се пријавуваат во полиција.

Состојбата со криминалот во општеството очигледно има своја субјективна и објективна димензија. Криминологот Томас Фелтес од Универзитетот во Бохум ја измери оваа разлика. Од вкупно 3.500 испитаници во репрезентативното истражување, секој петти рекол дека стравува оти ќе биде ограбен.

Притоа, реалната опасност изнесувала само 0,3 отсто. Значи субјективниот страв бил дури 65 пати поголем од реалната опасност.

Аудио и видео прилози на оваа тема

Поврзана содржина

Реклама