Стравот и бесперспективноста ја шират југоносталгијата | Свет | DW | 29.11.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Стравот и бесперспективноста ја шират југоносталгијата

Хрватските граѓани се‘ поотворено искажуваат т.н. југоносталгија. Во нејзиниот корен не е желбата за враќање на соборената комунистичка идеологија, туку егзистенцијалната неизвесност и галопирачката сиромаштија.

Иако тематизирањето на добрите страни на пропаднатата Југославија се табузира во јавниот дискуср во Хрватска, а југоносталгичари е етикета која политичката десница во најлутите судири им ја лепи на соперниците, граѓаните се‘ порадо се присетуваат на животот пред Татковинската војна.Тоа го покажува и истражувањето на порталот MojeVrijeme.hr, кое го пренесоа речиси сите медиуми напросторите на бивша Југославија. Според него, дури 86 проценти од граѓаните постари од 45 години мислат дека некогаш подобро се живеело. Значи, се работи за оние кои имаат вистинско искуство во животот во бившата држава, но притоа не треба да се запостави ни човечката склоност кон романтичарско согледување на сопствената младост.

„Тие луѓе во 1991 година, кога се одржуваше референдумот за отцепување на Хрватска од Југославија, имаа поинаква претстава за демократијата. Верувам дека е тоа последица на разочарувањето од моментната ситуација“, објаснува за Дојче веле новинарката Мелиса Скендер, која неодамна за потребите на телевизиската серија Црно-бел свет ги истражуваше новинарските архиви од 80-те години на минатиот век.

Мораат ли сите да ја разбираат политиката?

Првпат е јасно речено-74 проценти од испитаниците од групата на возраст над 45 години, под одредени услови, би се согласиле на враќање во еднопартиски систем, популарно наречен едноумие. Тоа не го чуди книжевникот Перо Квесиќ: „Кога ќе се рече еднопартиски систем, тоа е нешто загадено, се одбива без размислување. Верувам дека луѓето изјавата ја дале повеќе од носталгија, а искуството е на второ место. Виделе дека во тој систем може удобно да се живее“. Квесиќ ги истакнува предностите на еднопартискиот систем, истакнувајќи дека тој едноставно е поевтин.

Kroatien Melisa Skender Journalistin

Мелиса Скендер

„Друга работа е што еднопартискиот систем не значи и само една политичка опција. При крајот на партијата која владееше овде 45 години, сериозно се размислуваше за озаконување на постоењето фракции во партијата“. Освен тоа Квесиќ за високиот процент има и друго обраложение: „Еден дел од луѓето едноставно не ги интерсира политика. Ним треба да им се организира добар живот, а не некој да ги тера на нешто за што немаат афинитети, можности и знаење. Зошто да бидат форсирани? Тоа е еден вид демократско насилство. Не пледирам за еднопартиски систем, туку да не се одбива како страшило, зашто и страшилото има корисна функција“.

Некогаш работници, денес копачи по контејнерите

Додека трае бурната расправа за 80-те години, граѓаните истакнуваат оти во однос на општествените вредности, како економската сигурност, јавното здравство и солидарноста, се направени чекори наназад. Новинарката Скендер пак причината ја гледа во младоста на хрватската демократија, но и во пазарната економија, па дури и кон неприлагоденоста на образовниот систем на новата реалност. „Се најдовме во нов систем со стар начин на размислување. Мајка ми е работничка која во еден момент станала самохрана мајка. Во сегашните околности, таа веројатно би барала храна по контејнерите. Во бившата држава добила работно место, заработила за пензија, добила стан под кирија. Постеоеја станбени фондови, каси за заемна помош, државата ги терала луѓето да штедат и се грижела за нив. Сега државата го губи компасот. Премногу е присутна каде не треба.“ Таа лично не би сакала еднопартиски систем, но радо сегашниот би го натерала да функционира на подобар начин. При истражувањето и‘ паднала в очи улогата на медиумите.

Kroatien Pero Kvesic Schriftsteller

Перо Квесиќ

„Според мојот впечток, медиумите тогаш биле многу попаметни, во нив биле поприсутни интелектуалците. Имало паметни текстови кои денес би се сметале за досадни. Сигурно постоеле режимски медиуми, но мислам оти новинарот имал поголем углед во јавноста и поголема одговорност согласно на тој углед. Денес постојат куп медиуми, но содржински се исти“, вели Скендер, што го потврдува и Квесиќ. Токму тој уредувал такви „контра“ медиуми. „’Контрола на комитетот’ имаше одвреме навреме, од страв некој текст да не предизвика тревога. Главниот уредник би отишол на консултации. Но, по нив не мораше да ги послуша сугестиите, а постоеше можност и на сносење на последиците ако не послуша. Всушност, можеше да се објавува се‘, но со наоѓање начин и лукавост како тоа да се изведе и пласира. Се разбира, дел ’свети теми‘ беа недопирливи, на пример: не го гибај Тито! Но, ние сепак понешто протнувавме на негова сметка, само што тоа не одеше на насловна страница, туку во некој текст“, се присетува Квесиќ, додавајќи оти новинарството веќе не е угледна професија, најмногу поради невозможните услови за работа во кои новинарите не можат квалитетно да работат. „Денес медиумите се првенствено во служба на капиталот, освен ретките кои се дотирани. Тие се во служба на системот кој е посилна категорија од политиката“, вели Квесиќ.

Потрошувачко општество и враќање во пештера

А денешната слобода на говор во голема мерка се сведува на тоа новнарот да може отворено да ги критикува владејачките политичари, а граѓанинот да може неказнето да опцуе преку социјалните мрежи. „Не знам деали е тоа сон на секој Хрват“, вели Скендер низ насмевка и тврдење дека гласачите, „овци“, како што ги нарекува, ни порано а ни сега немаат влијание врз она што го работи државата и колку е корисна. Сепак, таа смета оти Југославија со „елегантниот диктатор Тито“ била посуверена отколку Хрватска денес.

Jugostalgie

Во Србија од југоносталгијата направија бизнис

Противниците на изнесените тези како противаргументи ги изнесуваат податоците за повремениот недостиг на бензин, кафе, па дури и неможноста да се купи квалитетен џинс во Југославија, но и технолошкиот напредок во вид на мобилни телефони и подобри автомобили кои се возат денес, како да се работи за вистинско мерило за задоволство на нацијата. Притоа често се изоставаат вистинските мани на бившиот систем, како вербалниот деликт, забраната за јавни настапи, политички затвори и прогони. „Ми се чини оти потрошувачкото општество на некој начин не‘ врати во пештера, зашто сега вреди законот на посилниот, на поголем автомобил и појак мобилен телефон. Се сеќавам на еден архитект од Берлин, кој не вози автомобил. Не му требал и не научил ни да вози. Овде работеше на скапи проекти и не се гледаше радо на тоа што доаѓаше со велосипед на состаноци. Тогаш купи скап автомобил, па жена му го возеше или доаѓаше на работа со такси, чисто поради впечаток. Некогаш во училиште сите носевме школска униформа за да не се прават разлики“, објаснува Скендер.

Социјализам со хумано лице?

Книжевникот Квесиќ истакнува: кога се говори за комплексот југоносталгија, се наведува оти е тоа психолошко чувство од една страна, а од друга- историја за која не знаеме доволно. Зашто, комплексна Југославија во секоја деценија била поинаква држава, а не било сеедно и дали се живее во Словенија или на Косово. „Ако те праша некој каде би сакал да живееш во ерата на античка Грција, што би одговорил? Сигурно не во Спарта, туку во Атина, под претпоставка дека не си роб, туку слободен човек. Ако по 100 години прашате просечен човек каде би сакал да живее ако мора да се врати на крајот на 20 век, сепак би ја одбрал Југославија. Далеку од тоа дека таа беше најуредена и најбогата држава, но можеби беше најхумана. Имаше куп лоши работи и бев поголем критичар од сите кои сега викаат дека ровареле против системот. Но, постоеше перспектива, системот се развиваше на подобро и постоеше надеж да им биде подобро барем на идните генерации, децата. Денес ја загубивме таа перспектива“, заклучува Квесиќ.

DW.COM

Реклама