Сто години Баухаус | Свет | DW | 17.01.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Сто години Баухаус

Нели е тоа нешто кај што има шрафови и шајки? Да, но „Баухаус“ е исто така и уметничка школа и посебен правец во архитектурата. Основана пред 100 години, Баухаус и денес влијае врз обликувањето на нашата околина.

Доста со исто масовно производство! Мора да има алтернативи за индустриското производство. Треба да е модерно и функционално, но и евтино. Архитектот Валтер Гропиус во 1919 година ја основаше Баухаус во Вајмар. Тој сакаше повторно да ја обедини уметноста со занаетот – ново и револуционерно беше спојот и соработката на уметноста и индустријата. Во својот манифест тој упати апел: „Архитекти, скулптори, сликари, сите мораме да му се вратиме на занаетот!" – на Гропиус би му се допаднал слоганот со кој денес истоимениот синџир на продавници за алати и други работи за градење и домаќинство се бори за нови клиенти: „Одете во Баухаус ако сакате да излезе добро!"

Гропиус градбата ја сфаќал како „крајна цел на секоја архитектонска задача". Студентите затоа не работеле само на универзитетот, туку Гропиус ги праќал и на градилиште, каде што во пракса учеле за типичните форми, бои и материјали. Најважниот принцип при градбата бил „функционалност пред форма".

Модерно и едноставно

Учениците креирале едноставен мебел и други предмети. Се барало студена елеганција наместо разиграна уметност. Многу прототипи влегле во сериско производство, но цените и не биле така достапни. Меѓу нив се тапетите од Баухаус кои ги произведувала фабриката за тапети „Раш“ од Хановер, но и познатата црна ламба од фирмата „Кандем“. Бидејќи многу често биле правени плагијати, тој модел станал достапен за пошироки народни маси.

Stahlrohrmöbel von Marcel Breuer und Ludwig Mies van der Rohe (picture-alliance/ dpa)

Баухаус-мебел од Марсел Бројер и Лудвиг Мис ван дер Рое од периодот 1927-1930

Згради во стилот на Баухаус

Баухаус се прослави и благодарение на проектните планови на архитектите. На многу места со помош на новите градби ја удоволиле потребата од нови живеалишта. Гропиус сакал да ги реши проблемите со планирањето на градот со тоа што го измислил концептот на масовни станбени единици. Примери за тоа се наоѓаат во градовите Десау, Карлсруе и Берлин. Со таквиот концепт навистина беше обезбеден итно потребниот простор за живеачка, но анонимноста на таквите градби создаде нови социјални проблеми.

Но, тие не беа во фокусот на градителите. Во 1925 година школата морала да биде префрлена од Вајмар во Десау заради недоразбирање со новата конзервативна влада во Тирингија. Гропиус го проектирал новиот проект во кој било префрлена школата во 1926 година. Особено работилниците со стаклената фасада оттогаш се поим за модернизам. Во Десау биле изградени и таканаречените куќи на мајсторите, односно простор за живеење и работа за професорите, како и една станбена населба со 60 куќи. Пет години подоцна, архитектот Мис Вандер Рое го презема раководењето со школата, но веќе во 1932 година, Националсоцијалистите ја затвораат. Иако нацистите барале функционалност во нивните индустриски градби, Баухаус движењето им се чинело сомнително и конечно го етикетирале како „еврејско и болшевистичко".

Sachsen, Dessau: Gruppenfoto der Bauhausmeister im Jahr 1926 (picture-alliance/akg-images)

Групна фотографија на Баухаус-мајсторите направена на покривот на зградата на Баухаус во Десау во 1926 година (од л. кон д.: Јозеф Алберс, Марсел Бојер, Гунта Штецл, Оскар Шлемер, Васили Кандински, Валтер Гропиус, Херберт Бајер, Ласло Наѓи, Хинерк Шепер)

Школата се преселила во Берлин и во 1933 година дефинитивно се распаднала. Многу професори заминале во странство. Учењата произлезени од Баухаус и делата на нејзините ученици до ден-денес важат за влијателен правец во архитектурата. Пет од седумте куќи на мајстори во кои живееле учителите во Десау, постојат и денес. Во просториите на Баухаус во Вајмар сега се наоѓа универзитет. Архивата на Баухаус во Берлин ја документира историјата на училиштето. Во реставрираното седиште во Десау пак, се наоѓа фондацијата „Баухаус Десау“.

Германија слави 100 години Баухаус

Оваа 2019 година Германија слави еден век од основањето на школата Баухаус. Иако постоела само 14 години, легендарната школа има влијание и во денешницата. Таа важи за најефектниот извозен производ од германската култура во 20 век.

Реклама