Стотти роденден на продавниците за самопослужување | Економија | DW | 06.09.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Стотти роденден на продавниците за самопослужување

Пред сто години американскиот трговец Саундерс ја отвори првата продавница во која купувачите сами ги земаа производите од регали. Тоа значеше темелна промена во начинот на купувањето.

Шетање низ супермаркет, разгледување на производите, нивно ставање во количка и на крајот, плаќање на каса-денес е тоа нешто разбирливо само по себе. Но, не беше отсекогаш така, првиот дуќан за самопослужување го отвори пред еден век американскиот трговец Кларенс Саундерс во Мемфис.

„Самопослужувањето ја револуционизираше браншата“, вели раководителот на Здружението на трговци на Германија, Каи Фалк. А револуцијата уште не е завршена.

Како место на раѓање на продавницата за самопослужување се смета градот Мемфис во американската сојузна држава Тенеси, каде на 6. спетември 1916 година Кларенс Саундерс ја отворил првата продавница „Пигли Вигли Стор“. Во неа првпат муштериите можеле сами да шетаат меѓу регалите со стоки, да извршат избор и да платат на централна каса.

Supermarkt in Haßloch

Супермаркет денес

„Претходно постоеја само класични ’Тетка Ема дуќани’. Човек застануваше во редица, чекаше додека да дојде до тезгата, на песоналот му кажуваше што му е потребно, а персоналот потоа ги донесуваше производите, ги мереше ако беше потребно“, објаснува трговскиот експерт Лидија Лангер, која докторирала на оваа тема. Идејата не се прибила веднаш насекаде. Во Германија дури во 1938 година трговецот Херберт Екле го отворил првиот супермаркет, со просечен успех. Вистински корен идејата за продавници за самопослужување во Германија фати по Втората светска војна, истанува Лангер. Купувачите на почеток имале на пример задржи и при користењето колички за купување, се плашеле дека ќе потрошат премногу пари. Но, на крајот триумфирала страста за купување. На крајот на 50-те години победоносниот поход на супермаркетите веќе стана незапирлив. А на почетокот на 60-те години стигна веќе новиот степен - дисконтерите. Револуцијата во оваа бранша уште не е завршена, сметаат експертите. По самопослужувањето следуваат касите каде самите муштерии ги плаќаат производите, без касиер. Постојат и многу футуристички идеи, како автоматизирано полнење на регалите, чистење на продавниците со автоматизирани машини, но дотогаш веројатно ќе помине уште некое време.

Реклама