Стотина бездомници во ред за попис | Северна Македонија | DW | 03.03.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Стотина бездомници во ред за попис

Тече пописот и на дијаспората. Досега 18 илјади иселеници се попишале на онлајн апликацијата

Стотина бездомници од Прифатниот центар во Визбегово денеска се попишаа во рамките на првата фаза од статистичката операција којашто започна на 1 март, а ќе трае две недели. 
„Пописот претставува многу важна, најмасовна и сеопфатна статистичка операција, која што е од особено значење за нас како држава, но и како Влада и Министерство за труд и социјална политика, затоа што врз основа на податоците добиени од него ќе се креираат политики, кои ќе ги адресираат барањата и потребите на граѓаните“, вели министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

Nord-Mazedonien Skopje | Volkszählung in Nord-Mazedonien - Obdachlose

Стотина бездомници од Прифатниот центар во Визбегово се попишаа денеска

Согласно податоците добиени од пописот за старосната структура на населението, ќе се креираат политиките за изградба на старски домови, градинки, за стапката на невработеност, согласно која ќе се креираат мерки и политики за нивно активно вклучување на пазарот на труд, но и за лицата од ранливите категории.
Во понеделникот почна попишувањето на затворениците и притворените лица во земјавата, дијаспората, вработените во дипломатско-конзуларните претставништва и нивните семејства, како и припадниците на армијата во странските мисии. 

Nord-Mazedonien Skopje | Volkszählung in Nord-Mazedonien - Obdachlose

Првата фаза од статистичката операција којашто започна на 1 март ќе трае две недели

Директорот на Државниот заводот за статистика (ДСЗ), Апостол Симовски вели дека досега околу 18 илјади лица се пријавиле на апликацијата за самопопишување. Тој тврди дека системот е безбеден, иако и понатаму и дијаспората се жалат на проблеми при регистрацијата. Програмерите, пак, укажуваат на пропусти во системот. 

-повеќе на темата: Османи поддржува графа за македонските Бугари на пописот

„Процесот на попишување на дијаспората не може да биде нарушен со попишување на лица од територијата на земјава, бидејќи системот и компарацијата на податоците со дата базите тоа ќе го откријат и поништат“, порача вчера премиерот Зоран Заев.
Првата фаза од пописот се спроведува еден месец пред да започне Пописот на населението, домаќинствата и становите , кој ќе се спроведе по 19 години во С.Македонија. Статистичката операција ќе се спроведе на терен од 1 до 21 април.

DW.COM