Столтенберг: Македонија е на прагот на НАТО | Северна Македонија | DW | 29.06.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Столтенберг: Македонија е на прагот на НАТО

Македонскиот премиер Зоран Заев денеска во Брисел имаше средба со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Според Столтенберг, „вратите на НАТО се отворени“, а Македонија е „на прагот“.

„На самитот за две недели очекувам шефовите на држави или влади на земјите членки на Алијансата да ви упатат покана за пристапни разговори, а кога сите национални процедури ќе бидат завршени за финализирање на договорот (за името, н.з.), ќе се приклучите на НАТО“, рече генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска во Брисел, на прес-конференцијата со македонскиот премиер Зоран Заев.

Според Столтенберг, „вратите на НАТО се отворени“, а Македонија е „на прагот“. „Сакаме да ја видиме Вашата земја во срцето на еден стабилен, демократски и просперитетен регион и ќе ви даваме поддршка“, рече генералниот секретар на Алијансата обраќајќи му се на Заев.

Македонскиот премиер нагласи дека земјата ја очекува и официјално поканата да стане „новата, 30-та членка на НАТО“. „Очекуваме, заедно со нашите пријатели, во периодот кој следува, да учествуваме на церемонија на која знамето на Република Македонија ќе го добие своето место меѓу останатите земји членки на Алијансата. Тој настан интензивно го чекаме уште од 2008 година, кога беше констатирано дека нашата земја ги исполни сите критериуми, дека ги постигна стандардите на Алијансата, за да биде еднаква меѓу еднаквите“, рече премиерот Заев на прес-конференцијата во НАТО.

Повеќе: Потврда на јулското „да“ за Македонија во НАТО

Тој укажа и на фактот дека Република Македонија и до Букурешт 2008, и оттогаш наваму активно учествува во мисиите на НАТО, активно придонесувајќи во мисиите за сузбивање на глобалните закани, терористичките закани, како и заканите што доаѓаат од насилен екстремизам.

DW.COM

Реклама