Столтенберг: Историска шанса за Македонија | Северна Македонија | DW | 03.12.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Столтенберг: Историска шанса за Македонија

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, потврди дека Алијансата е подготвена да потпише со Македонија пристапен протокол откако ќе го спроведе договорот со Грција за решавање на билатералниот спор за името.

Првиот човек на северноатлантската воена алијанса денеска, пред почетокот на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО во Брисел, изрази надеж дека Македонија ќе ја искористи „историската можност која се пружа еднаш во животот“.

Столтенберг додаде дека откако Македонија ќе го потпише протоколот за пристапување во НАТО, македонската влада ќе почне да присуствува на министерските состаноци на НАТО.

Македонската новинска агенцијата МИА, уште пренесува оти генералниот секретар на Алијанската истакнал дека на македонските власти останува да го завршат својот дел од работата и да ги спроведат уставните измени за промена на името на државата во „Северна Македонија“.

Повеќе:

-Реакции: Македонија си го отвори патот кон НАТО и ЕУ

-Во Брисел преговори со НАТО, во Скопје пребројување на мнозинството

„На парламентот и на властите во Скопје им останува да донесат одлуки, и јас не можам да гарантирам во име на Скопје... Навистина се надевам дека Скопје и народот во земјата ќе ја искористат оваа историска можност која се случува еднаш во животот“, изјави  Столтенберг.

Западен Балкан ќе биде на дневен ред на министерскиот состанок на НАТО, а за време на овој собир македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, ќе има посебни состаноци со колегите министри.

Инаку и Столтенберг спроти почетокот на состанокот се осврна и на останатите горливи теми на Западниот Балкан.

На прашањата од новинарите дали Атланскиот сојуз стравува дека би можело да има последици по безбедноста од решението во дијалогот Белград-Приштина кое би вклучувало некои „корекции на границата“, тој рече оти „НАТО силно го поддржува дијалогот Белград-Приштина, бидејќи тоа е единствен начин да се најде одговор на нерешените прашања“.

DW.COM

Реклама