Стенограми на босанскиот геноцид: „Не прифаќаме вештачки народ“ | Информации и анализи за Балкан | DW | 02.03.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Балкан

Стенограми на босанскиот геноцид: „Не прифаќаме вештачки народ“

Вчера објавените транскрипти од седниците на Собранието на босанските Срби за време на војната во БиХ откриваат шокантни ставови и изјави на нивните лидери за реализација на геноцидните планови.

Проектот наречен „Транскрипти на геноцидот“ кој го започна Меморијалниот центар Сребреница, претставува збир на стенограми од седниците на Собранието на Република Српска во периодот од 24 октомври 1991 до 21 февруари 1996 година. Целта е да им се овозможи на сите заинтересирани за истражување на геноцидот, воените злосторства и неодамнешната историја, едноставен увид во најважните одлуки на српското воено раководство во Босна и Херцеговина. Стенограмите досега беа користени за време на многубројните судења за воени злосторства во Хашкиот трибунал.
Стенограмите детално ги пренесуваат дискусиите кои се воделе на седниците, а кои ги отсликуваат атмосферата, размислувањата, намерите и плановите на српското раководство кон БиХ.

Спасители на христијанска Европа

Присетувајќи се на Лисабонските преговори од 1992 година, на седницата на 3 февруари 1995 година, Радован Караџиќ говорел за тоа дека Србите никогаш не сакале да го прифатат првиот принцип на планот на португалскиот дипломат Жозе Кутиљеро дека Босна и Херцеговина е држава, освен во случај таа да стане конфедерација и Србите сами да одлучуваат дали ќе останат во неа или ќе се спојат со Србија.
„Никој не ни нудеше ништо друго освен да исчезнеме, да ја поништиме својата држава, да прифатиме заедничка држава со Изетбеговиќ, односно со муслиманите и Хрватите и на коктелите и ручеците јасно ни рекоа: господа тоа е затоа што не сакаме да прифатиме постоење на исламска држава во Европа, што би значело дека ние сме жртвувани за да нема таква држава, туку за да биде мешана, што ќе рече дека ние своите животи и животите на нашите генерации ќе ги потрошиме на неутрализација на Исламот, а Европа да биде заедница на среќни христијански народи додека ние и ги чуваме ѕидините како некаков ров со валкана вода кој и не постои за ништо друго освен да го неутрализира Исламот. Ние тоа не го прифативме. Некој рече сами сме“, ќе рече тогаш Караџиќ.

Empfang Momcilo Krajisnik Srpska Kriegsverbrecher Verurteilt Sarajevo Rückkehr Bosnien Serbien

Пречек на Момчило Краишник на Пале откако ја одлежа затворската казна за воени злосторства

„Комунистичка творба“

Пратеникот во Народното Собрание, Војо Купрешанин на седницата на 8 јануари 1993 покажува во неколку реченици каква атмосфера владеела во тој храм на предрасудите и омразата.
„Ние од минатото се сопнуваме неколку пати околу поимите. Господа, дали муслиманскиот народ е воопшто народ? Народ кој е произведен и роден со Титовата концепција од 1974 година, добива позиција речиси како Грците. Дали ние тој народ да го исфрлиме како народ и да кажеме дека е тоа српски народ со муслиманска вероисповед. Ние добивме една голема измама. Таа измама е тука и ние сме нејзини жртви. Или БиХ. Па чија е Босна и Херцеговина? Таа е од памтивек српска земја. Точно е дека Турците биле тука некое време- 500 години. Ние ги истеравме Турците, ги истеравме Австријците, ги истеравме Германците. И повторно Босна не е српска, туку Босна е муслиманска, нација или народ кој не постои. Па зарем повторно тоа не се српски глупости. Ако сега направиме таква глупост, ние правиме елементарна грешка. Како во основно училиште. А идниот собир на српските општини кога ќе се одржи, јас предлагам да го исфрлиме муслиманскиот народ како народ. Ниту една европска држава, ниту еден народ во светот не би ги признал. А дали Босна ни треба максималистички. Тоа не е максималистички, тоа е реално, тоа е историски, тоа е српска земја“.

Serbien | ehemaliger General Ratko Mladic

Српскиот генерал Ратко Младиќ во 1993 година


Претседавачот на Народното Собрание Момчило Краишник на 8 јануари 1993, го вели следното за донесувањето заклучок во кој се вели дека Бошњаците не се народ туку секта.
„Добро, господа, можеме сега да се определиме и да заземеме став, дека Муслиманите како народ се комунистичка творба. Ние не ја прифаќаме таа вештачка нација. Сметаме дека муслиманите се секта, групација или собир од турска провиниенција“, го отвора излагањето Краишник, а потоа бара од пратениците да пристапат кон гласање.
„Има ли уште некој нешто да додаде? Нема. Го ставам на гласање овој заклучок. Кој е за? Има ли некој против? Воздржан? Господа, ви благодарам едногласно ги усвоивме заклучоците“.

„Не се каам за Сребреница“

Три месеци по падот на Сребреница и спроведениот геноцид, на седницата на 15 и 16 октомври, Радован Караџиќ признава дека тој ја испланирал и ја наредил „радикалната задача“ и дека не се кае.
„Јас како врховен командант стоев зад планот за Жепа и Сребреница, воглавно за Сребреница, Жепа се подразбираше. Господа, ние ќе ја изгубевме војната да постоеше Жепа со 90 илјади вооружени муслимани, ќе ја изгубевме војната. Лично го надгледував планот без знаење на ГШ, и не криејќи туку случајно наидувајќи на генералот Крстиќ и му советував да оди право во градот и да прогласи пад на Сребреница, а после ќе се бркаме со Турците по шумите, ги одобрив и поблиската задача и радикалната задача и не се каам за тоа. Не е точно дека ние поради тоа ја имавме Краина, демек се дотогаш Хрватска не планирала да ја нападне Краина и нападнала само поради Сребреница, или поради тоа светот не се сожалил за Србите“, рекол Караџиќ. 
(klix.ba)

DW.COM

Поврзана содржина

Реклама