1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Стареење со Даунов синдром

Гудрун Хајзе
25 март 2019

До пред 50 години луѓе со Даунов синдром имаа очекуван животен век од 10 години. Нештата радикално се променија. Денес, многу од нив можат да се надеваат дека ќе дочекаат и длабока старост

https://p.dw.com/p/3Fblk
Teenager mit Downsydrom
Фотографија: Eloisa Ramos/Westend61/IMAGO

Во 1970 и 80-те години односот кон луѓето со Даунов синдром беше различен од денес. Многумина- вклучително и лекарите- веруваат дека луѓето со Даунов синдром не се способни за ништо. Денес, знаеме дека со правилна поддршка, тие луѓе можат да се развиваат и да станат релативно независни.
„Многу возразни со Даунов синдром живеат во заедници. Еднаш или двапати неделно ги посетува социјален работник или негувател. Но вообичаено, тие живеат релативно независно. Тоа не можеше да се замисли во минатото“, вели Герхард Хамерсен, почесен директор на клиниката за Даунов синдром во Нирнберг. Нејзината цел е да промовира креативност и да ги интегрира лицата со Даунов синдром во секојдневниот живот. Тоа е тешко поради недостатокот на волја во општеството- и нема ништо заедничко со луѓето кои страдаат од болеста.
Луѓето со Даунов синдром- познат и како хромозом 21- физички побавно се развиваат од децата без дополнителниот хромозом. Најчесто тоа ги погодува моторните вештини, како и менталниот и јазичниот развој, а многу често овие лица се соочуваат со болести од најрана возраст.
Постојат околу 120 различни симптоми на нарушувањето, особено кај децата. До пред неколку децении тоа беше голем проблем.

Нештата се променија

До пред 50 или 60 години, операција на срце кај децата со Даунов синдром беше ретка, а дури и кога се правеше, компликациите беа вообичаени. „Фала му на Бога, денес медицината е далеку понапредна“, вели Хамерсен.
Доколку е неопходно, децата со Даунов синдром се оперираат уште во првата година од животот за да се спречат компликации подоцна. Во минатото, беше вообичаено одредени срцеви проблеми да се јавуваат за време на пубертетот затоа што детето не било оперирано на помала возраст. Но не е само срцето проблематично. Гастроинтестиналниот тракт често е погоден од болеста, на пример кога малиот стомак е непропустлив. „Овие деца треба да се оперираат во вториот или третиот ден по раѓањето“, вели Хамерсен. Но тоа повеќе не е проблем и им го продолжува животот. Но, честопати, една операција не е доволна.
Лицата со Даунов синдром имаат далеку поголема веројатност да развијат леукемија.
„Во првите 4 или 5 години од животот, децата со Даунов синдром можат да развијат специјален вид на леукемија. Таа се јавува многу ретко кај генералната популација, но е релативно честа кај лицата со Даунов синдром“, вели Хамерсен. Благодарение на модерната медицина, лекувањето и хемотерапијата успеваат да ги излечат овие болести. 

Sebastian Urbanski - Schauspieler mit Down-Syndrom
Германскиот актер Себастијан Урбански не дозволи Дауновиот синдром да го спречи во исполнување на целите Фотографија: picture-alliance/dpa/B. Pedersen