1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Фотографија: Imago

Ставрески си замина, долговите останаа!

Костадин Делимитов
14 јуни 2016

Веста за оставката на Ставрески прозвуче изненадувачки за јавноста, но не и за упатените. Тој ќе остане запаметен по реформи, задржување на стабилноста, но и по зголемувањето на јавниот долг од 26,3% на 45% од БДП.

https://p.dw.com/p/1J6S1

„Трошиме за чоколадa, а немаме за леб“! За обичниот човек ова веројатно ќе биде најпрепознатливата фраза за Зоран Ставрески, која јавноста ја слушна во една од опозициските „бомби“. Вицепремиерот и министер за финансии со најдолг стаж на оваа функција објави дека се повлекува од функциите во Владата поради здравствени причини:

„Здравствените проблеми со кои се соочувам и советите на лекарите упатуваат на тоа дека постои неопходност од подолго лекување и опоравување, заради што јас нема да сум во можност да ја извршувам функцијата министер за финансии и потпретседател на владата на Република Македонија", наведува Ставрески во оставката.

Кире Наумов, до неодамна дополнителниот заменик министер за финансии од СДСМ, не сака да ја коментира оставката, бидејќи во неа биле наведени здравствени, а не морални причини кои, според него, требало да бидат пресудни во одлуката. Сепак, Наумов уште изутрината најави ваков можен развој на настаните, изјавувајќи дека е последен момент Ставрески да собере сила и да се отпушти од „орото“, пред да биде издадена уште една еврообврзница .

Mazedonien Kire Naumov stellvertretender Minister für Finanzen
Кире НаумовФотографија: DW/K. Delimitov

„Со негово спротивставување барем за овој потег тој би ја намалил својата одговорност и пред крајот би докажал дека навистина мисли дека е лудачки да се троши за чоколада кога се нема за леб“, изјави Наумов.

Образложувањето на оставката, според поранешниот гувернер и министер за финансии Петар Гошев, без оглед на вистината за некои негови здравствени проблеми, звучи идентично на оставките од времето на најцрниот комунизам во СССР, Кина, Романија, СФРЈ, Куба:

Petar Gosev
Петар ГошевФотографија: Petr Stojanovski

„Штета! Оставката не ја поднесува од морални причини, поради крахот на политиките на најголемиот злосторник во поновата историја на Македонија, чиј прв извршител му беше тој. Иако после толку години беспоговорна слепа послушност ни тоа немаше да има некоја поголема вредност достојна за почит“, смета Гошев.

Иако, како што вели Ставрески, тоа му го советувале здравствените експерти, според Гошев, за здравјето на нацијата ќе било подобро уште поодамна тој да заминел од функцијата според советите на експерти од областа на етиката и на економијата. Посебно на првите.

„Во секој случај му посакувам здравствено да се опорави, иако и од оваа изјава се гледа дека нема надеж за друг вид опоравување. Се обидувам да верувам дека следниот што ќе соопшти дека поднесува оставка, нема да го направи со образложение дека не дај боже починал “, коментира Гошев.

Освен посочување на здравствените проблеми како причина за оставката, во писменото соопштение Ставрески наведува дека му било задоволство да биде дел од економскиот тим во владата за кој, како што вели, со голем жар, ентузијазам, одговорност и посветеност работел за Македонија и донесол резултати кои многу граѓани ги почувствувале.

„Од сериозното намалување на невработеноста, значително подобрување на бизнис климата, високи растови на економијата и извозот, носењето на многу инвеститори и водењето здрави макроекономски и финансиски политики - сето ова е остварено во исклучително тешки години на глобална финансиска криза, европска должничка криза, а еве речиси две години и домашна политичка криза“, пишува Ставрески.

Владата изрази благодарност до вицепремиерот за неговата досегашна работа и за ангажманот и придонесот кој тој го остварил во реализација на владините мерки, програми, и политики, за што сведочеле постигнатите резултати.

„Му посакуваме пред сѐ добро здравје и надминување на предизвиците со кој се соочува, а Владата секогаш ќе остане отворена за соработка со личност каква што е тој“, изјави портпаролот на владата Александар Ѓеорѓиев.

Mazedonien Gebäude Regierung
Владата изрази благодарност до вицепремиерот за неговата досегашна работаФотографија: DW/P. Stojanovsk

Оставката на Ставрески се случува во период кога на државната каса ѝ е ургентно потребна финансиска инекција од над 200 милиони евра. Тоа го потврди и лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски.

„Претпоставувам дека ќе има потреба од такво нешто и дека Министерството за финансии и Владата ќе пристапат кон тоа, бидејќи тоа е нормален начин за финансирање на дефицитот во една држава“, рече Груевски.

Освен реформите, Ставрески ќе остане запаметен и по тоа што во неговиот мандат јавниот долг драстично се зголеми. Кога дојде на функцијата во 2009-та беше 26,3% од БДП, а кога заминува во 2016 е 45% од БДП. Ставрески е дел од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ од 2006-та година на позицијата потпретседател задолжен за економски прашања, а од 2009-та година и на позицијата министер за финансии. Негов наследник на функцијата според најавите ќе биде Кирил Миновски, актуелен прв човек на Управата за јавни приходи.

Прескокни го блокот Поврзани теми

Поврзани теми

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Bilderchronik des Krieges in der Ukraine | Bulgarien - Protest

Има ли руски зачин во македонско - бугарската чорба?

Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница