Српскиот цар Лазар и крстоносци го „инспирирале“ терористот од Крајстчрч | Свет | DW | 15.03.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Српскиот цар Лазар и крстоносци го „инспирирале“ терористот од Крајстчрч

Австралискиот расист кој е обвинет за терористичките напади врз џамии во новозеландскиот град Крајстчрч, го најавил нападот на Твитер, а потоа во живо го пренесувал истиот на Фејсбук. Се инспирирал од историски личности

Бројот на жртвите во терористичкиот напад врз џамиите во Нов Зеланд достигна 49 луѓе, а повеќе од 20 се повредени. Полицијата ги повика граѓаните да не го споделуваат видеото на кое се гледа како напаѓачот ги ликвидира верниците од мала оддалеченост. На видеото кое го снимал самиот напаѓач со камера која била поставена на кацига на неговата глава можат да се видат грозоморни сцени од самиот напад, но и патот на напаѓачот до џамијата.

Додека патува кон џамијата, убиецот, инаку австралијски државјанин чие име веројатно е Брентон Тарант, слуша српска националистичка музика во која се величи поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ.

Според манифестот кој го објавил на Твитер, убиецот веројатно се „инспирирал“ од конспиративни теории кои потекнуваат од Франција, а според кои, европското население ги губи своите татковини поради миграцијата на странци со повисок наталитет.

Neuseeland Angriff auf Moscheen in Christchurch | Jacinda Ardern, Premierministerin (Reuters/TVNZ)

Новозеландската премиерка Јасинда Ардерн го осуди нападот како терористички акт


Убиецот пишува дека клучни моменти во неговата радикализација биле поразот на француската десничарка Марин Ле Пен на изборите во 2017 година, и смртта на 11-годишната Еба Акерлунг во терористичкиот напад во Стокхолм во 2017.

Полицијата во Крајстчрч соопшти дека се уапсени уште три лица, но нивниот идентитет не се соопштува.

На видеото кое го снимил напаѓачот може да се види разновидно оружје и муниција со пораки испишани на англиски и на различни источно-европски јазици. Најбројни се имиња на историски личности од југот на Европа кои се бореле против Отоманското царство во 15 и 16 век, како и имиња на некои крстоносци. Меѓу нив и на српскиот цар Лазар.

DW.COM

Реклама