Српскиот воз: глупава и непотребна провокација | Свет | DW | 17.01.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Српскиот воз: глупава и непотребна провокација

Може ли пироманот да биде пожарникар, прашуваат српските аналитичари по обидот на владата во Белград да инсценира нова криза со испраќањето на возот кон Косово. Во регионот нема потенцијал за нови војни.

Инцидентот околу возот на релација Белград-Косовска Митровица се толкува на различни начини во Белград. Провладините медиуми главно наведуваат дека мудрата и државничка политика на премиерот Александар Вучиќ спречила вооружен судир, додека од друга страна се предупредува дека власта практично самата ја креирала кризата, и дека потоа, откако се увидело дека провокацијата отишла предалеку, се обидува да настапи како миротворец.

Може ли пироманот да биде пожарникар?

„Мислам дека сѐ што се случува меѓу Белград и Приштина е само логично продолжение на политиката на српската влада која сега само добива забрзување поради претстојните избори, оценува за ДВ, Драган Поповиќ, претседател на Центарот за практична политика. Возот во таа смисла е наменет пред сѐ за домашна употреба, вели Поповиќ, со цел да се одржи некој вид тензија, и весниците да се полнат со најави за војни и судири. „Провладините медиуми веќе со денови водат една потполно ненормална кампања, во која практично ги подготвуваат граѓаните за некаква војна и катастрофални сценарија. Ситуацијата со возот, оттука, не може да се гледа поинаку освен како една глупава и непотребна провокација“, вели Поповиќ.

Одговорниот уредник на неделникот „Време“, Филип Шварм смета дека претстојните избори во Србија се главната причина за кризата во регионалните односи.

„Србија е во необјавена вонредна состојба и во постојана предизборна кампања. Некои теми се истрошија во изминатите кампањи, како борбата против криминалот, корупцијата, отворањето фабрики, поставувањето камен-темелници и слично. Сега, за изборите во 2017 година изгледа ни се случува враќање на националистичката реторика и одбраната на српските национални интереси“. 

Serbien Handfeuerwaffen Aleksandar Vucic (picture alliance /PIXSELL/S. Ilic)

Актуелното „звечкање со оружје“ од Белград е од ритуален карактер, велат српските аналитичари

Фактор на (не)мир и (не)стабилност

Белград, во случајот со возот, уште еднаш покажа дека може да креира некој проблем, а потоа истиот да го решава.

„Тие го темелат својот легитимитет, пред сѐ кон меѓународната заедница, на тоа дека се некаков фактор на мир и стабилност на Балканот. Иако тоа не е точно, од некои причини мнозинството во меѓународната заедница ја проголта таа приказна на српската влада. Оттука, за да бидат фактор на мир и стабилност, и да им се замижува пред сѐ што прават во Србија: од гушењето на медиумите до загрозување на владеењето на правото и уништување на институциите, тие мораат да имаат нестабилност. Па така, го имате Вучиќ кој со денови се фали како ја запрел војната со тоа што го запрел возот. А возот токму тој го испрати“, вели Поповиќ.

Филип Шварм смета дека во регионот нема сила, потенцијал, ниту волја за некој посериозен воен судир и проценува дека актуелното „ѕвечкање со оружје“ од Белград е од ритуален карактер. Најголеми губитници од последната епизода, според Поповиќ, ќе бидат српските граѓани, „а особено граѓаните на Косово од српска националност“.

„Ова е само продолжение на стратегијата на српската влада, која трае веќе со години, пред важни настани, а особено пред избори, да се внесе малку страв меѓу луѓето, уште малку да се мобилизира гласачкото тело и луѓето да се обединат околу мудрото раководство и неговата политика“, заклучува Драган Поповиќ.

DW.COM

Реклама