Среќа тешка 6,06 килограми | Панорама | DW | 25.01.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Среќа тешка 6,06 килограми

Наташа Кориган од Мелбурн по природен пат го роди најтешкото бебе во тој дел на Австралија. И бебето и мајката се чувствуваат добро.

Брајан Јуниор е добро, а мајката Наташа Кориган неколку часа по породувањето вели:

„Пресреќна сум. Сонував за мало дебело бебе. Отсекогаш сакав мало дебело бебе, а сега имам големо.“

Таткото Брајан Лидл, додава:

„Изутринава беше малку страшно, а сега сите се добро. Мајката е добро, бебето е добро.“

Според локалните медиуми, Брајан Јуниор е роден по 40 недели и пет дена.

 

Гледај видео 00:42

Среќа тешка 6,06 килограми

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама