Средба на македонскиот државен врв | Вести | DW | 05.11.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Средба на македонскиот државен врв

*

Македонскиот државен врв денеска во кабинетот на претседателот Бранко Црвенковски ќе разговара околу последниот развој на настаните во преговорите за уставното име. На средбата кај Црвенковски, покрај премиерот Никола Груевски ќе биде присутен и министерот за надворешни работи Антонио Милошовски. Во исто време грчкиот министер за надворешни работи Дора Бакојани патува во Велика Британија нејзината прва станица од турнејата во чии рамки ќе бара поддршка на позициите во спорот за името. По дводневниот престој во Лондон, Бакојани в среда ќе го посети и Берлин.