Сребрена монета со ликот на Трамп од еден килограм | Панорама | DW | 23.01.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Сребрена монета со ликот на Трамп од еден килограм

Руско студио во градот Златоуст изработи монета посветена на инаугурацијата на 45. претседател на САД. „Веруваме во Трамп“, изгравирано е на предната страна на монетата.

Сребрената монета е тешка еден килограм и беше презентиреана на денот на стапувањето на должност на Доналд Трамп, 20 јануари 2017 година. Тешката монета изработена од студиото Арт-Грани во Златоуст на Урал носи портрет на 45. претседател на САД на предната страна додека на задната е изгравирана Статуата на слободата во Њујорк.

„Не можевме да пропуштиме толку важен настан како изборот на Доналд Трамп за претседател. Така одлучивме да ја овековечиме оваа личност во метал“, вели Анастасија Гаврилова, маркетинг менаџер на студиото. Компанијата со околу 100 вработени има четири подружници во Русија и произведува скапи декоративни објекти, вклучително и комеморативни монети.

„Започнавме да изработуваме комеморативни сребрени монети од еден килограм можеби пред три-четири години. И целта на ова производство е да се одбележат важни настани и луѓе. Нашата прва монета беше посветена на приклучувањето на Крим кон Русија. на предната страна беше рускиот претседател Путин а на задната картата на Крим“, истакнува Гаврилова.

Гледај видео 00:37

Руска монета со Трамп

Студиото планира да произведе серија монети со ликот на Трамп, 25 сребрени, 15 од сребро и злато и пет од чисто злато.

Доналд Трамп ужива голема популарност во Русија откако во повеќе наврати изјави дека има намера да ги унапреди односите со Москва и покрај критиките дека премногу посакува да направи сојузник од рускиот претседател Владимир Путин.

САД и другите западни земји воведоа санкции против Москва во 2014 година поради анексијата на украинскиот Крим од страна Русија и поддршката за проруските сепаратисти во источна Украина.

 

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама